Во овие декемвриски претпразнични денови, секоја куќа мириса на цимет и ванила. А овој божиќен кекс со својот богат вкус и волшебни состојки, го претвора секој миг во уживање.
Вистинската магија почнува во кујната и секој чекор е прелиен со љубов. Допрете ја магијата на овие состојки со потребната количина за да создадете – Божиќен кекс:
-60 гр. путер
-220 гр. темно чоколадо
-100 гр.кафеав шеќер
-2 лажички екстрат од ванила или едно пакетче ванилин шеќер
-2 јајца
-200 грама обично брашно
– лажишчка прашок за пециво
-прстофат сол
-шеќер во прав
Како ќе ги подготвите?
Растопете го чоколадото на пареа и изладете го. Измешајте ги јајцата со шеќерот и ванилата до степен на пенеста маса. Додадете го брашното, пецивото, солта. Повторно измешајте и ставете го во фрижидер да се лади 3 часа.
Додека трпеливо чекате да се излади, напијте се кафе, чај или пак некој сок и притоа слушајте тивка музика која ќе ви го гали увото. И ова е дел од рецептот за да успее.
Откако смесата се изладила, загрејте ја рерната на 180°C и со мало лажиче формирајте топчиња меѓу дланките за потоа да ги прпелкате во шеќерен прав, исто како да си играте со снежни топки. Тука, топлиот израз на лицето и вашата насмевка се неопходни. Наредете ги топчињата во плех и печете само 10 минути. И подгответе се за семејно уживање.