Ова лето е актуелна природна текстура и светла нијанса на коса. Зголемената влажност во воздухот го отежнува стилизирањето како и оштетувањето на влакното што се јавува заради зрачењето на УV зраците. Солената вода од морето и водата во базените не влијаат благопријатно на убавината на косата.
ДРЖЕТЕ СЕ ДО ПРИРОДНИОТ ИЗГЛЕД И ТЕКСТУРА
За сосема нов и атрактивен изглед на фризура, стилистите препорачуваат одложување на пеглата и фигарото во фиока. Стилистите препорачуваат косата да ја оставите во вашата натурална природа. Доколку косата е со локми нека биде таква или пак ако е право влакното, повторно нека биде во својот натурален изглед.
Стилистот Paul Percival ќе додаде: „Клучот лежи во употребата на квалитетни козметички производи кои на најдобар можен начин ќе ја истакнат убавината на косата.“
BOX BOB
Боб е дефинитивно најпопуларната фризура во 2023 година! Имено, овој стил на боб, го популаризира модната инфлуенсерка Хејли Бибер. Таа го избра т.н. box bob затоа што има јасни линии и остри резови на аголот, поради што, според неговото име, наликува на кутија.
Опуштено брановидна Софистицирана и лежерна во исто време, оваа фризура може да се вклопи во многу прилики, од коктели, семејни веселби до деловни состаноци, или прошетки на плажа.
Бронзени и златни нијанси
Што се однесува до бојата на коса, најактуелни ќе бидат овие нијанси.
Волуменот ќе биде одлично решение
Волуменот повторно се враќа на модната стилска сцена. Истиот, најдобро се добива со фенирање, а ние би заклучиле дека модата секогаш се враќа.