Art Time
Вашата викенд агенда е во Book’s House: Хуманитарна ноќ со македонски автори по четврти пат во Битола
Со поддршка на Општина Битола и во рамките на „Битолско културно лето“, на 18 јули (сабота) со почеток во 19:00 часот, во дворот на книжарницата BOOK’S HOUSE и Бар Општина, ќе се одржи четвртото издание на „Хуманитарна ноќ со македонски автори“. Настанот и оваа година ја продолжува својата хумана мисија, водејќи се од мотото: „Нашето […]

Со поддршка на Општина Битола и во рамките на „Битолско културно лето“, на 18 јули (сабота) со почеток во 19:00 часот, во дворот на книжарницата BOOK’S HOUSE и Бар Општина, ќе се одржи четвртото издание на „Хуманитарна ноќ со македонски автори“.
Настанот и оваа година ја продолжува својата хумана мисија, водејќи се од мотото: „Нашето малку за некого е најголема радост.“

Собраните средства ќе бидат наменети за набавка на училишен прибор и материјали за следната учебна година за деца со попреченост, сместени во четири паралелки.
Посетителите ќе имаат можност да се дружат со голем број македонски автори од целата држава. Да купат книга, да добијат потпис и истовремено да бидат дел од една благородна иницијатива.



Годинава авторите кои ќе бидат меѓу присутните ќе бидат: Оља Петрушевска Томева, Далибор Трајковски, Александар Русјаков. Потоа Филип Петровски, Јордан Коцевски, Анде Јанков, Зоран Милошевски.. Мирјана Проданова, Јасмина Атанасовска, Елена Бошбож, Јасмина Петковска, Ване Николовски, Весна Трајковска, Орде Георгиоски, Никола В. Ристевски, Кристина Јанкуловска, како и многу други македонски автори.
За музичката атмосфера ќе се погрижат D Boys, Сергеј Попоски и неговиот бенд, Сара Петровска, Тамара Стојковска, како и пијанистот Димитриј Стојчевски.
Организаторите упатуваат покана до сите граѓани да бидат дел од оваа хуманитарна вечер. Да уживаат во убава атмосфера и добра музика, да купат книга, да донираат и заедно да покажат дека со мал гест можеме да направиме голема промена во животот на оние на кои помошта им е најпотребна.



