Бојана Скендеровски во YUGO: Кога пеете химна, носите цела држава на грб

Бојана Скендеровски е новата гостинка кај Мими. Зборуваа за музиката, одговорноста и љубовта. Во епизодата на ,,YUGO” се случи вистински спектакл! Љубовта кон музиката и животот е она што ја прави посебна.

…И тоа може да се почувствува во секој момент на интервјуто кое се,, вози” во олдтајмерот. Бојана Скендеровски во југото на Мими зборуваше за нејзината кариерна патека. Започна со музиката во 2002 година. Од првата песна до денес, таа еволуирала како  пејачака. Но, таа е и мајка и домаќинка. Сеќавањата на првата песна од 2002-ра се толку живи, а нејзиниот развој од тогаш е неверојатен!

На страна од музичката сцена, во кујната, откри дека е виртуоз. Особено штом станува збор за подготовка на сарми – ги прави со љубов и страст.

Но, за разлика од неа, Мими не е љубител на сарми. Мими, кој повеќе сака брза и лесна храна, се чини дека нема време за традиционалните оброци. Сепак, кога станува збор за големите одговорности и Мими и Бојана имаат ист вкус. Нивниот поглед на сериозните моменти во животот е ист. Бојана открива дека последниот голем момент во нејзината кариера беше пеењето на химната за полицијата, што го смета за едно од најголемите признанија. Како што вели: „Кога пеете химна, носите цела држава на грб.“

Бојана Мими

Мими, во стилот на својот уникатен хумор, ја предизвика Бојана со забавна реплика за тоа како не утнала со строфата, а не смее да се направи никаква грешка во таква важна песна. „Не дај боже“, велат двајцата. И во моментот на шега, ја споделуваат важноста на тоа да ја почитуваме и институцијата полиција.

Но, повеќе од тоа, Бојана Скендеровски открива дека музиката има моќ да ги инспирира новите генерации. Особено младите полицајци, за кои треба да се обезбеди поддршка. Нејзиниот пат до успехот бил воден од сонот. Го следела сонот. Првата аудиција беше исполнета со емоциии кои  беа клучни. Таа сакаше да биде искрена и да верува во себе.

Музиката кна Бојана има елементи на носталгија, но претпочита да ја носи во ново руво. „Секој град има поинаква публика, но најважно е кога публиката ќе ја почувствува твојата емоција.“, вели Бојана. Денес нејзината музика има елементи на носталгија, но ја носи во ново руво.

За крај, таа дава совет што треба да го следат сите: „Верувајте во своите соништа, верувајте во себе и не се оптеретувајте со околината.“

А, да, нејзиното куче бишон е тука и е дел од секојдневниот живот на Бојана  – затоа што миленичињата се важни!

Овој разговор беше не само интелигентен и забавен, туку и инспиративен. Љубовта кон музиката, децата и животот е она што ја прави Бојана Скендеровски уникатна и посебна личност!

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]