BMW M5 во 2025та-Кралица на асфалтот

Се крчка нешто екстра зачинето во фурната на BMW за следната генерација на BMW М5. Префинет седан од М дивизијата ќе излезе на пазарот со 735 коњски сили и четири електромотори  во 2025та година.

BMW M5 се смета за рафиниран седан од М дивизијата поради неколку главни аспекти како што се извонредните перформанси -М5 е опремен со робустен мотор дизајниран да издржи сурови услови. Вклучен е интелигентен систем за контрола на возењето, инфозабавни системи и безбедносни технологии. Ова создава премиум технологија.

Следната генерација М5 воведува управување на задните тркала и поголеми сопирачки. Погонот на задните тркала или RWD е типично за спортските и луксузни автомобили. И за оние кои бараат агилно возење. Овој тип на пренос на сила нуди уникатни и пријатни карактеристики. BMW  M5 е како убаво  вино – станува подобар со возраста.

И не само што ги освојува срцата на љубителите на автомобили, но и го убедува асфалтот , дека ја заслужува крајната рафинираност. Кога гледате во BMW M5 , сите други автомобили само „лазат“ по патеките. И сите оние кои застанале зад „воланот на овој баварски сон “, велат, „тука времето застанува“ . Тоа е така, затоа што стилот и моќта не се само опција, туку начин на живот исполнет со возбуда поголема од адреналин. Најзабавните автомобили се оние кои ја носат круната М5.

извор