Битолски Камерен Оркестар добитник на „Златна Бубамара“  за најпопуларен оркестар за 2024 

На 28-то издание на „Златна Бубамара на популарноста“ кое се одржа минатата вечер во Борис Трајковски, Битолски камерен оркестар ја доби наградата Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен оркестар за 2024 година. Како што и самиот Ранко, кој им ја додели наградата, кажа во својот говор, Битолскиот камерен оркестар изминатата година беше речиси низ цела Македонија.

Битолски Камерен Оркестар

Наградата му ја додели на диригентот Владимир Димовски. Човекот кој впрочем е и еден од возобновувачите на Битолски камерен оркестар. Главен виновник за голем дел од проектите на истиот. 

Битолски Камерен Оркестар


Колку за потсетување, овој ансамбл е активен нешто повеќе од 12 години. А изминатите неколку години освен што е активен во својот матичен град Битола, тој исто така настапува не само низ државата, туку и надвор од неа.

Од Битолски Камерен Оркестар изјавуваат:

,,Оваа награда претставува уште еден доказ дека посветената работа, талентот и врвниот квалитет е невозможно да останат незабележани. Мило ни е што во Македонија сеуште постојат луѓе и манифестации кои ги препознаваат вистинските вредности и уметноста. Оваа награда претставува поттик ние да продолжиме со тоа што го правевме досега со уште поголеми сили. Благодарност до цела публика, до Ранко и Златна Бубамара, нашите соработници и поддржувачи кои се дел од нашата историја. “

ПР Текст

[post_tags]