Бил Гејтс има свој блог, а на него прави годишни списоци, препорачува и предложува книги. Но, овој пат и предвидува што ќе се случи со светот во 2024 година.
Имено, како што добро знаеме Бил Гејтс е милијардер, а се започна со основањето на Мајкрософт. Според него, многу нешта ќе се променат во наредната година. Брзиот технолошки развој е оној кој најмногу е виновен за истото. Имено во врска со вештачката интелегенција, тој тврди:
„Вештачката интелигенција наскоро ќе ја забрза стапката на нови откритија. Сето тоа ќе биде со темпо што досега не сме го виделе“, напиша Гејтс, како што објави Сиетл Тајмс.
„Гејтс верува дека експлозијата на вештачката интелигенција во 2023 година е само почеток на технолошкиот тренд. Тренд кој во уште поголема мера ќе ја обликува блиската иднина. За почеток, напредокот во вештачката интелигенција во голема мера ќе го подобри глобалното здравје. Истовремено ќе овозможи иновации и во развиените и во земјите во развој.“ – вели нашиот извор.
Бил Гејтс најавува пресврна точка и тврди дека вештачката интелегенција не е лошо нешто за човештвото, но и дека мораме да ја искористиме на правилен начин:
„Ако сега направиме паметни инвестиции, вештачката интелигенција може да го направи светот поправедно место“, напиша Гејтс.
Вештачката интелегенција може да им ја олесни работата на здравствените работници, на медицинските лица, како и да им овозмои поголема достапност до информации. светот може да стане поубаво место доколку правилно и мудро пристапиме, и цеиот овој техѕноошки развој да помогне кај ризичните бремености, кај различните болести.
„Во 2024 година и понатаму, предвидувам дека ќе видиме многу нови иновации кои доаѓаат на пазарот – дури и во многу комплицирани области како нуклеарната“, напиша Гејтс, што секако би било добра вест за TerraPower, неговата компанија за нуклеарна енергија која е основана во 2008 година.
Во секој случај, напиша Гејтс, тој е оптимист. Оваа деценија ќе биде клучна за надградба на електричните мрежи и подобрување на преносот на енергија за да се реализира целосниот потенцијал на чистата енергија, објаснува тој. Но, тој додава дека светот сè уште треба да сфати како да дојде до нула емисии.
Бил Гејтс ги споменува и изборите низ светот, и за нив нагласува:
Резултатите од изборите „ќе ја обликуваат иднината на глобалното здравје и климата“, напиша тој и додаде: „Кога би можел да им посакам една желба на сите луѓе што ќе излезат на гласање следната година – без разлика каде живеат – тоа би било да ги земат предвид избраните лидери кои ја разбираат важноста од инвестирање во човечкиот развој ширум светот“, напиша Гејтс.
Меѓу другото истакна едно нешто: Светот не е подготвен за уште една пандемија слична на Ковид-19.