Капењетo во студени води е практика што се правела уште од дамнешнио времиња – вели Бетика во емсиијта YUGO. Мими со уште една атрактивна гостинка и уште една интересна емисија. Бетика – Бети Котовчевска од Ресен.
Почнала пред 9 години со Вин Хоф методот. Имено за оние кои не знаат, „Вим Хоф е познат и како ледениот човек, држи повеќе светски рекорди во подвизи за издржливост и изложеност на студено, а неговата мисија е да го промени начинот на кој живееме, потсетувајќи нè на нашата вистинска моќ и суштина. “ пишува bookland. Значи Хоф со други зборој (по битолски) ги остварил тие победи само за да му докажи на светот и човештото дека ние сме излечливи само со мајка природа. Бетика вели дека чоеков и го променил животот, па така денес цитирајќи го муабетО на Мими: Бетика се мака во ладна вода!
Од тука и идејата да и направат пранк. Арно ама никако да се сетат што би можело да ја уплаши оваа „ледена девојка“. Богами, се согласваме со Кумбата: „Единствено што може да ја уплаши е топла вода!“
Мајтап на страна девојката е позитивна, енергична, инспиритивна и полна со живот. Чест ни е што ете покрај Мими се најде и на нашите страници. На страниците на razbudise.mk.
„Ние луѓето треба да се лечиме со мајка природа!“ – Вели Бетика и додава: Планинатa е мојот живот!
Науката тврди дека токму капењето во студена вода е бенефит како за нашето физичко, така и за нашето психичко здравје! За себе вели дека е нешто што е табу во Македонија, па и покрај фактот што вели дека живее во т.н. град на срамот (метафорично кажано, во смисла на тоа оти сите ресенчани се срамеле), таа одбира да го живее животот онака како што го сака. А денес, нејзините совети се далеку прифатени. Бетика има свои работилници и е вирален хит на социјалните мрежи. А после вожњата во југцето, секако оваа девојка се впушти во уште една ледена авантура. Дали можиме да го кажеме истото за Мими…? Хммм.. Епа погледнете во видеото подолу во текстот, али зиморлив ни е чоеко!