Нема некој што не и завидува на модната дизајнерка и поранешна „Спајс Грлс“ девојка. И со мижење да го клајш прстО на глобусО, само прстето ќе ти оди на кај фамилија Бекамовци. Иначе женава го прослави својот 50ти роденден. Се организирала гала вечер, а имало и специјално изненадување од страна на едно од најпопуларните имиња што некогаш ќе го памети фудбалската сцена – Дејвид Бекам.
Очигледно Бекам не штеди. Епа сега или има од повеќе или не знај да се контролира. За роденденот на неговата сакана женичка потрошил 250 000 фунти. Безобразлук! Замислете, го ангажирал омилениот готвач на дизајнеркава и го купил нејзиниот омилен шампањ. Не прашвајте за цена….(меѓу нас и муабето тука да остни: 3000 фунти шишето). Ко нe знат да олабат со бокалче ракија… Аздис!
И налет да се сторат, и „спаjсиците“ не го пропуштиле шоуто и со се цела кореографија настапиле на роденденската гала. Заедно со се Вики, ја испеале песната „Стоп“… Мислам многу очигледно оти сакале да му дат ишарет на типов оти ја претера со арч на буџето, ама тој си знај.