Барбика со Дијабетес: Нова кукла што Носи Сила и Вистина

Барбика со Дијабетес: Играчка што Носи Сила и Вистина.

Да се биде различен не значи да се биде помалку вреден. Новата Барбика со дијабетес ја пушти оваа моќна порака во етерот. Играта со оваа кукла ги учи децата. И оние со дијабетес и оние без… Што значи да се живее со дијабетес тип 1: како се следи нивото на шеќер, што е инсулинска пумпа и колку е важна грижата за себе.

Создадена во соработка со Breakthrough T1D, оваа барбика е инспирирана од вистински жени. Жени како Robin Arzon и Lila Moss, кои го живеат својот живот храбро и отворено, и покрај здравствените предизвици. Тие докажуваат дека болеста не ја дефинира личноста – таа само додава нова димензија на нејзината сила.

Деталите на куклата – пумпицата, модниот стил и насмевката – покажуваат дека и покрај секојдневните здравствени рутински грижи, децата можат да имаат безгрижна и инспиративна игра.

барбика

Со оваа иницијатива, Mattel не нуди само нова кукла, туку и силна порака: секое дете заслужува да се види претставено, прифатено и разбрано. Таа е симбол на инклузија, охрабрување и нормализација на теми што премногу долго биле табу во светот на детската игра.

Барбика со дијабетес е мал чекор за светот на играчките, но голем чекор за идните генерации.

[post_tags]