Балон фустан и големото враќање на модната сцена! Big come back на балон – фустанот. Се роди во 1951 година и направи модна револуција.. Му се спротивстави на сите конвенции што жените ги носеа дотогаш. Кристобал Баленсијага постави нов стандард за елеганција.
Балон – фустан от го трансформираше начинот на кој модата ја перцепираше женственоста. Иновацијата ја преобликува естетиката на 1950 – тите години. Овој фустан, постави нова димензија на тоа што значи да се биде стилски и современ.
Сега, повеќе од 70 години подоцна, балон – фустанот и балон здолништето повторно ја освоија модната сцена. Најпопуларни се ова лето. Со уникатен дизајн, достапен во мини, миди и макси верзии, балон – фустанот е сам по себе стилска изјава. Потребни се минимални додатоци за да блеснете.
Моделите со низок струк (drop waist) и корсет, најчесто во мини верзии со комбинации на бело и црно, моментлно се најактуелни модни парчиња. Ленот и памукот се совршен избор за романтично лето, особено поради лесната и воздушеста структура на балон моделите.
Ретро љубителките од осумдесетите обожаваат да ги носат овие фустани. Во 2024 та, се враќа гламурот на 1950-тите години. Балон моделите доминираат на модните писти на водечките дизајнери за есен/зима,. Ова е индикатор дека ќе бидат актуелни уште долго.
Балон –фустанот плени со својот стил. Нуди и практични предности кои го прават совршен избор за секоја модерна жена. Благодарение на ластикот што го обликува фустанот, дури и при најсилните ветрови, женските атрибути остануваат дискретно сокриени. Балон фустан овозможува жената да се движи слободно и самоуверено. Најверојатно, комбинацијата на елеганција и практичност е оној вистински револуционерен момент во модата.
Без оглед на пригодата, балон фустан нуди чувство на леснотија и стилска супериорност. Со својата способност да ги истакне или сокрие атрибутите на женското тело, балон фустан е фустанот што ја нагласува женственоста на суптилен , но моќен начин. Во светот на модата каде што естетиката и практичноста често се судираат, балон фустан, повторно е фустанот кој успева да ги спои во едно единствено, хармонично решение.