Кога балерината има шолја со капучино наместо глава – новата TikTok лудост која ги ,,здрма” младите! Балерина капучина! Родители? Режија? Дали се слушаме?
Ако последниве недели сте скролале низ TikTok, сигурно сте налетале на балерина со шолја капучино наместо глава, крокодил со бомби или мајмун со тело на банана. Звучи како сон на дете со висока температура? Но, сепак не – тоа е најновиот интернет тренд наречен brainrot.
Овој стил на содржина изгледа целосно апсурдно и некако… хипнотизирачки. Зад него стојат анимирани ликови создадени со помош на вештачка интелигенција, кои зборуваат на измислени јазици, се движат бизарно и повторуваат бесмислени фрази. Но токму во таа апсурдност лежи неговата привлечност.
За овој луд тренд е виновен италијанскиот аниматор Фабиан Мозеле (Fabian Mosele).
Мозеле, ги создаде овие апсурдни ликови на почетокот на 2025 година. Приказната започнала кога тој споил детска песничка со AI-генерирана ајкула која носи патики. Таа бизарна комбинација стана вирална во италијанските meme-заедници, а од таму се прошири на целиот интернет со молскавична брзина.
Се вели дека во еден свет полн со сериозност, информации и постојан притисок, младите бараат простор за слобода и игра. Brainrot е нивниот начин да излезат од рамките – дигитално бегство во свет каде што ништо нема никаква логика, а сè е дозволено. Колку побизарно – толку подобро. Очигледно нешто што повозрасните генерации, не го разбираат!
А,,пази”… Се вели дека има и најдобар дел?
Не ти треба камера, студио или актерски вештини. Доволно е да споиш смешен глас, чуден текст и некој AI лик, и можеш да го создадеш следниот вирален хит. Тоа е достапно за секого, па затоа и толку брзо се шири – изгледа како таен код на новата генерација.
Дали треба да се загрижиме?
Експертите предупредуваат дека иако оваа содржина може да биде безопасна и забавна, прекумерното гледање може да влијае врз концентрацијата, емоционалната стабилност, расположението и способноста за опуштање. Имено, освен визуелното и она што го гледаат, според испитувањата, и самото аудио делува исто врз мозокот. Затоа, клучот е во рамнотежата – балерината со капучино може да биде тука за смеа, но животот сепак се случува и офлајн. Не заборавајте да ги потсетувате децата на тоа!
A за оние кои за чудо не слушнале за трендот со,,балерина капучина” и останатите апсурдни ликови, погледнете го видеото подолу:
