Првиот поткаст од серијалот „Are you ready for Pelister?“

Pelister

„Are you ready for Pelister?“ е насловот на првиот поткаст чија крајна евидентна цел е да ја зголеми туристичката привлечност на оваа планина. На Pelister. Ова е клучна туристичка дестинација и на далеку познато име, па време е да се промовираат неговите убавини. Да се потсетиме на она што го имаме… Преку визуелна и вербална дискусија да ја вратиме довербата кај домашните и странските туристи.

Имено, како што е и запишано во известувањето за оваа иницијатива, поткастите се снимаат во рамките на проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? („Are you ready for Pelister?) На ПРЕДА Плус Фондација и се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? е кофинансиран од Општина Битола

Првиот поткаст од серијалот „Are you ready for Pelister?“, можете да го видите во текстот подолу.

Која е првата конекција со планината? Како се вљубиле и како гостите ја креирале оваа приказна што е во нераскинлива врска со природата? Во овој поткаст, кој го води Љубица Ангелкова, се отвараат различни дискусии кои не водат низ едно необичноа адреналинско безвременско патување.

Ако првото патување во планина, го доживуваш како авантура, тогаш остануваш на планина!“. Ќе забележи Наташа Бошковска, имплементирајќи ја во разговорот целата таа емоција, возбудлива енергија што може да се доживее само тука.

За останатите искуства и како започнала оваа љубовна приказна, погледнете во првиот поткаст и уживајте во видеата од серијалот „Are you ready for Pelister?“. Истите ќе можете да ги гледате и на razbudise.mk.

Само луѓе кои многу патувале, можат да бидат добри туристи. Пелистер може да го препознае секој оној вистински авантурист кој обожува да пoсетува уникатни дестинации. Макар и оние кои посетиле некои ултрапопуларни дестинации, знаат да ја препознаат магијата на Пелистер. Но, како гледаме ние на неа? Дали само кога ќе се оддалечиме од ова место, сфаќаме што всушност имаме?

Како да ја разбудиме љубовта кон Пелистер? Колку ни значи ова место и колку сме навистина подготвени да дишеме длабоко, градејќи фантастично искуство што секако мириса на молика.