Април, месецот на пролетта го зазема своето особено место во календарот поради богатството на историски настани на меридијанска поставеност, културни обичаи и природни феномени кои го карактеризираат.
110% проценти ќе го задржат вашето внимание! Април не поминува незабележано затоа што со себе ги носи значајните обележувања кои ги означуваат времињата и ги оформуваат културите.
Април, многумина го гледаат како време на обнова и нови почетоци. Оваа важна точка во годината носи со себе промени во природата, но и богата историја и културни настани. Отворањето на цветовите и дијамантите како родени камења на април, се само дел од зборовите кои го опишуваат овој месец.
1. Дали знаевте дека овој пролетен месец имаше само 29 дена?
Триесеттиот ден бил додаден кога Јулиј Цезар го воспоставил јулијанскиот календар. Римјаните го нарекувале и „Априлис“ . Името „Априлис“ потекнува од старогерманскиот месец „Eostre-monath“ кој бил посветен на богињата на пролетта и плодноста. Еостре или Остара! Април бил важен дел од пролетните обреди и обичаи што ја открива врската помеѓу името на месецот и сезонските промени. Така, четвртиот месец во годината, не само што имал 29 дена во некои стари календари, туку името му потекнува од старогерманската митологија. Истата, сугерира на многуобразноста на културните влијанија кои историски се документирале и низ април.
2. За нашиот пријател на јужната хемисфера, април е сезонски еквивалент на октомври.
Во јужната хемисфера е дел од есента со слични карактеристики како октомври во северната хемисфера.
3. Ако сте родени во април, вашиот хороскопски знак е или Овен или Бик. Овие априлско – хороскопски знаци ги карактеризира присуството на силни квалитети. Истовремено, нивната заедничка врска со април ги прави енергични и комплетни личности. Поседувањето на квалитетите на авантуристичкиот дух на Овните и стабилноста на Биковите истовремено креира усогласен карактер во секој сегмент на нивниот живот. Можеби затоа што егзистираат како природата во април.
3. Априлскиот роден камен е дијамант, а родениот цвет или маргаритка или сладок грашок.
Дијамантот е родениот камен за април и ја симболизира силата и вечната љубов. Цветовите за април се поврзуваат со невиноста и чистотата.
4. Се смета дека зборот април доаѓа од глаголот „аперире“ што значи „отворање“ што има смисла бидејќи овој месец е сезона на дрвја и цвеќиња кои почнуваат да цветаат. Името веројатно произлегува од латинскиот збор „aperire“ што значи „отворање“ и истиот се однесува на процесот на цветовите и новиот живот во природата.
5. По пауза од 1 500 години, на 6ти април 1896 година во Атина се одржаа првите Олимписки игри од модерната ера. Првите модерни Олимписки игри се одржаа во Атина, Грција и беа важен момент во враќањето на олимписките спортски натпревари.
6. Титаник удри во сега познатата санта мраз на 15ти април 1912тата година! Бродот се судри со ајсберг(голема пливачка маса која плови во водата). За жал. обично само мал дел од ајсбергот е видлив над површината на водата, додека големиот дел од него е потопен од водата.
7. Џорџ Вашингтон беше инаугуриран како прв претседател на Соединетите држави на 30 април 1789 година. Инаугурацијата на Џорџ Вашингтон беше историски момент за Соединетите Држави која го обележа почетокот на првата претседателска власт.
8. Ноа Вебстер го заштити првoто издание на неговиот речник во април 1828 година.
Речникот на Ноа Вебстер е еден од најпознатите речници на англискиот јазик и беше важен придонес за стандардизацијата на јазикот на САД.
9. Ова е месецот на солунските атентати. Историски претставува значаен период и во контекст на Македонија со значење од светски размер. Се јавува со настан кој е историски документиран на 28ми април 1903 година и означен како почетокот на Солунските атентати. Серија на бомбашки напади во Солун се изведени од Ѓемиџиите од Велес. Целта била да се привлече внимание на големите сили врз македонското прашање. Во тој далечен април, дејствијата на Ѓемиџиите успеале да го засилат меѓународното внимание кон регионот.
И тоа е овој месец! Месецот на пролетта со своите богати историски и културни настани. Сепак, времето и просторот не ни дозволува да го прошириме изобилството историски натани кои го обележуваат нашиот свет и нашите култури.
Како и да е, овој месец нѐ поттикнува да го истражиме историското значење на настаните во сите негови полнокрвни денови. Април – месецот на пролетта ни спомнува дека времињата и културите се обликуваат и променуваат секој момент, а вредностите остануваат и одново се раѓаат.
пишува Ромина Марковска