Донесете ги Алпите во вашиот дом – Алпска инспирација

alpite enterier inspiracija алпите ентериер инспирација

Замислете рустикалната колиба на Алпите, пријатна и мирна атмосфера. „Епска“ тишина далеку од метежот и вревата на големиот град. Впечатокот би бил дека овде времето застанува и часовниците отчукуваат побавно.

Но, зошто оваа дизајнерска приказна да не ја пренесете во вашиот дом? Разгледувајќи некои фотографии за ентериер кој секако му прилега на снегот и романтичната зима, фокусот го зароби еден тренди, смирен и спокоен стил инспириран од Алпите.

Рустикален дрвен мебел, природни материјали и алпски мотиви се основната суштина на живеење во овој стил. Цврстиот мебел во местата на кој се наоѓаат некои од хотелите на фотките подолу, е направен од локално дрво и добива автентичен изглед. Длабнатината во облик на срце во дрвото пак, е типичен стилски елемент во шкафовите и комодите. Самата форма на срце во дрвото, раскажува за распространетоста на љубовта од домаќините кон секое видливо и невидливо ќоше од алпската колиба. Дрвени столици со перничињa и вез на елени се фокусната точка во кујната во планинска колиба.

Вистинско крзно пред каминот или софата создава топлина посилна од самиот пламен на огнот. Плетените корпи се неизбежен и составен дел од алпскиот стил. Поголемите корпи се до врвот полни со „цепени“ дрва, а помалите со свежо испечен леб.

И секаде има нешто рачно исткаено, исплетено и извезено со мирис на сушена лаванда,  бор и елка. На влезната врата пак, е закачено ѕвонче и тоа потполно идентично ѕвонче како што е она на вратот од кравата со големи бели точки. Токму тоа ќе го препознаете на амбалажираното, алпско чоколадо.

Инспирирајте се од овој стил и создадете возбудлива алпска атмосфера во вашиот дом. Сепак, од она што погоре го потенциравте, за домот да ви изгледа токму како што сте го замислиле, не заборавајте дека освен мебелот и дизајнерските „аксесоари“ во ентериерот, важна е и миризбата. Затоа што токму таа најпрво создава спомени, а потоа следат очите кои ја перцепираат целата оваа алпска убавина.

алпите
алпите

извор