Ентони Хопкинс, двократен оскаровец, пишува автобиографија на 87 -годишна возраст. Неговата сопруга Стела, снима документарен филм за неговиот живот.
Од изворот како наша користена референца, дознаваме дека денес,Ентони Хопкинс има извонредна меморија. Хопкинс се сеќава на многу детали од својот живот. Неговата сопруга, има потполна слобода да го истражува секој сегмент од неговата животна приказна.
Приказната за животот на Хопкинс започнува во Јужен Велс.
Неговите родители, Ричард и Муриел, воделе пекара. Но, родителската љубов и грижа како и мирисот на неоддоливо испечениот леб од пекарата, не биле доволни дететето Ентони Хопкинс да биде среќно. Напротив. Тие денови од детството биле полни со тага, затоа што од некоја причина, Ентони се чувствувал глупаво и во школските клупи. Неговата тага ги разочарала родителите. Но, со време, кога стигнал во тинејџерските години, си ветил пред себеси и пред родителите дека ќе се натера на акција од која сите ќе бидат восхитени.
Со време, тагата избледела и Ентони му се посветува на учењето. По студирањето на Кралскиот велшки колеџ за музика и драма, го зцврстил своето актерско умеење во Лондон.
Сепак, неговата кариера и живот многу лесно можеле да бидат потполно уништени од алкохолизмот. Хопкинс се опијанувал често. Пред да наполни 48 години, се осмелил да побара помош. Тоа резултирало со успех.
Покрај своите значајни улоги филмовите како „The Silence of the Lambs“ и „The Remainsof the Day“, на 84 години е најстариот добитник на Оскар за улогата во „Татко“.
Во моментот се појавува во филмот „Последната сесија на Фројд“ каде го толкува таткото на психоанализата, Зигмунд Фројд.
Освен со актерство, деновите на Хопкинс се исполнети со сликање, свирење на пијано и посветено време на семејството.
Хопкинс заклучува со размислата дека и покрај сите подеми и падови во животот се чувствува среќен, благодарен и благословен.