Момчето со златната ракавица – Ален Рустемовски во „Брчиме со Дуле“!
Нашиот Дуле не седна со кој било – туку со Ален Рустемовски, момчето кое има само 20 години, тежи едвај 60 кила, а веќе се смета за златна ракавица на македонскиот бокс.
Момчето со златна ракавица со секој удар пишува нова страница во македонската боксерска историја. Ален Рустемовски не само што ги освојува ринговите со својата брзина и прецизност, туку и срцата на публиката со својата скромност и посветеност.
Бисер Битолски (и Македонски)
„Ова е бисер, Битолски, Македонски!“, вели Дуле. А гостин му е сè освен обичен. Потекнува од вистинска боксерска династија – и чичко му и татко му и брат му на дедо му – сите боксуваат. Ален има дури пет браќа – и сите во ринг! Како што вели Кумбата:
„Кај вас дома – ниеден тенисер не излезе?!“
Првиот боксерски удар го удрил, како што прилега, врз браќата. Така почнуваат сите шампионски приказни.
Скромност + Брзина = Успех
Иако шампион, Ален зрачи со скромност. Кумбата е воодушевен од неговата брзина:
„Го пратам секој меч, дедо ми пратеше бокс, сега јас!“
Сега тренира со Јоцо – строг тренер, а Ален скромно признава:
„Секогаш тренерот е во право.“
Победи, Неправди и Медали во Соба
Во 2023 стана првиот битолчанец на светско првенство“, а во 2024 го освои пехарот на турнирот „Битолски Победник“.
Има многу медали – толку многу што има цела соба само за нив. Сепак, не сè е мед и млеко – најтешко му паднала една борба против Ерменија во Будва.
„Третата рунда ја добив, ама судиите одлучија поинаку…“, вели Ален.
А финалето на Балканското – победа со тактика!
„Бев тепан, ама размислував и победив!”, вели низ смеа.
Сака да Лета, Не да Тепа
Иако е боксер, Ален не е љубител на тепање:
„Повеќе сакам да се движам.“
Ален сака точни удари, 12 рунди, 100% ефикасност. Сака легендарна борба, не обична.
Бокс без Пари – Со Срце
Боксувањето во Македонија не носи многу пари.„Финансиите се пречка. Приватниот сектор слабо поддржува, тука се добри луѓе, општината, советниците, градоначалникот…“
Годишно трошоците се околу 5-6 илјади евра. Најдолгата пауза му била по разочарување, но Министерството за спорт му помогнало со плата како две просечни – и се врати.
Втор гостин: Илчо – Македонецот од Словачка
Во студиото се приклучи и Илчо, уште еден боксер – не со таква историја, ама со голем дух.
„Младите заслужуваат поддршка“, вели Илчо.
Нема ритуал пред борба, ама се инспирира од младите деца.
Ален, пак, скромно додава:
„Јас си мавам тупаница сам пред борба – само толку.“
Од Битола до Истамбул
Светското првенство е во мај, во Истанбул и Ален се надева на учевство.
А до тогаш – тренинзи, скромност, брзина… и уште понекоја златна ракавица.
Кумбата го гледа со почит:
„Твоите нараквици ќе ги обесиме тука во студио!“
Дуле си ја заврши работата како што знае – искрено, духовито и битолски топло. А ние со нетрпение ја чекаме следната епизода од,,Брчиме со Дуле“. Можеби момчето со златната ракавица повторно ќе не изненади – со една реченица, нокаут!
пишува: Ромина Марковска