…И го глеаш наприцкан со брендирана чорапа до гљуждо, патика ориЏинале, сакме и ајфонка. Седи испраен во еден од локалните кафиќи или ресторани со егзотични вкусови и индиско кинеска кујна за посебни гастрономски преправајнци. Седи испраен и чкрапа селфиња. Да пука играта на инста профилот. Жените мотивирани, а тој со уште поголема мотивација: 100че од мама и тато за after со колегите од „работа“.
Е сеа шо прај и од кајма толку пари? Свето фриленсеришта сте се сториле. Играта пука со биткоинти моинти, ама еден е проблемот. Пука играта и со казината и кладилниците, шо после аптеките и црквите се единствените најфункционални „компании“ шо дешават во градО на пијаната, кафето и кабадаите.
Шо би значело, ако не си поп, математичар или немаш завршено медицина, раус од овде. И идење само во улога на гастрбајтер на лето шо се мотка низ гужви на Корзо и бара чупе за мажење.
…И така… После на југ тензично било. Не му чинела храната, виљушките не биле убо испулирани, виното не било брендирано. Ти го носеле отворено. А стотка ко земаше од кај мама и тате сѐ ти чинеше ѓубре едно а?