„Адреналин до Небото“ – Каква е Оваа Моќ на Виртуелните Комплименти
„Адреналин до Небото“ – Каква е oваа моќ на виртуелните комплименти? Во последно време размислувам околу оваа тема: „адреналин до небото“! Kако виртуелните комплименти на социјалните мрежи успеваат да создадат такво интензивно чувство? Адреналинот до небото што го чувствуваме од еден комплимент, напишан од речиси непознато лице, е феномен кој станува екстра присутен. Присутен во нашиот дигитален свет. Дали ова е бегство од монотонијата на секојдневието или нешто повеќе?
Сте размислувале ли вие на оваа тема? Овде, мојата „маленкост“ се обидува да открие психолошки моменти кои стојат зад тој „адреналин до небото“ предизвикан од моќта на виртуелните комплименти. Кога ги откриваме емоциите, несомнено го бараме „виновникот“ кој ја инспирира или предизвикал оваа состојба. Зарем не? Како еден „like“ стана „господар“ на нашето расположение?
Зошто комплиментите активираат „адреналин до небото“ во дигиталниот контекст?
Можеби затоа што ова е бегство од монотоното секојдневие! Многу луѓе бараат начин да избегаат од рутината и да создадат адреналин до небото! Виртуелните комплименти и вниманието од непознати, функционираат како краткотрајно бегство од реалноста. Понекогаш дури и како нов извор на возбуда или како начин на инстантно зголемување на самодовербата. Како што истражувањето на професорот Џефри Хол од Универзитетот во Канзас покажува, виртуелните комплименти можат да предизвикаат „адреналин до небото“ исто како оние во физичките социјални интеракции. Во своето истражување „The Communication Implications of Virtuaily Interpersonal Relationships“ (2020), Хол објаснува дека создавањето на „адреналин до небото“, се должи на природната потреба за социјално признание.
Само за момент, зачекорете низ она што го знаеме како примери од реалноста!
Замислете, на пример, како се чувствувате кога објавувате фотографија на социјалните мрежи и веднаш добивате комплименти од луѓе кои не ги познавате лично. И што се случува? Во истиот момент ви се подобрува расположението и го зголемува вашето чувство на важност и социјално прифаќање. Овој краток момент на виртуелно признание ви дава емоционален поттик што се чувствува како „адреналин до небото“. Дури и ако е само момент.
Но, има и „друга страна на медаљата“.
Постојат примери каде комплиментите може да донесат што друго, ако не разочарување. На пример, некој може да биде премногу возбуден и да го чувствува тој „адреналин до небото“ од виртуелната потврда… Но, веднаш потоа да се почувствува напуштен, особено кога виртуелната потврда не се согласува со реалните интеракции.
Надежта е како „зумиран“ нож со две сечила, поставен на дигиталната сцена
Овој „адреналин до небото“, знаете што носи? Носи Ризик од создавање неоснована надеж. Пораките и комплиментите можат да разбудат фантазии и очекувања кои се темелат на проекции, а не на вистинско запознавање и врска. Голема е веројатноста да се создаде емоционална конфузија, особено ако виртуелната комуникација се заснова само на текстуална размена, без вистински контакт.
Дали сме сеуште на истата фреквенција? – Психолошките последици, сепак се реални
Неразвиените виртуелни врски создаваат емоционални напрегања, особено ако се должат на потребата за валидација. Кога ваквата комуникација не се развива во нешто поопипливо, зад себе остава чувство на празнина и разочарување. Прашањето, дали е во ред да се комуницира само преку пораки и дали ова е соодветна основа за создавање надеж е сосема валидно, укажува на потребата за појасна граница меѓу реалноста и виртуелниот свет.
Заклучок:
„Адреналин до небото“, предизвикан од виртуелните комплименти е возбудлив и моментално задоволителен. Но, како ќе се справиме со долгорочните последици?
Виртуелната комуникација е забавна и интересна, но треба да се третира со претпазливост, особено кога емоционалните инвестиции се значајни. Како што велат, најтешко е да се постигне баланс кога работите одат во крајности.
Балансирањето меѓу реалниот и виртуелниот свет е она што ќе ни помогне во одржување на емоционалната стабилност и избегнување на непотребни разочарувања.
Како вие го управувате своето дигитално самопочитување и какво е неговото влијание на вашето секојдневие?
пишува: Ромина Марковска