Аеросолското загадување од возилата може да го ограничи капацитетот на растенијата за фотосинтеза, пишува Chen Ly во NеwScientist.
Авторот ни открива за сателитските податоци од Европа. Истите зборуваат дека стапките на фотосинтеза се повисоки кога нивото на аеросоли во атмосферата е пониско. Клучно информативно сознание е дека растенијата во Европа повеќе се фотосинтетизираат за време на викендот. Причината лежи во помалото загадување на воздухот.
NewScientest, поточно, открива дека со зголеменото загадување на воздухот од шумски пожари, прашина и човечки активности, се променува редовниот неделен циклус.
Посочена е анализата на Лијан Хе од научната институција Карнеги во Калифорнија. Имено, Лијан и нејзините колеги, анализираа сателитски мерења за тоа колку светлина се емитува од зелениот пигмент хлорофил во лисјата на растенијата. Тоа видување одговара на тоа колку фотосинтеза се случува – низ Европа помеѓу 2018 и 2021 година. Тимот открива дека стапките на фотосинтеза се зголемуваат кога имало пониски нивоа на аеросоли низ споредбата со сателитските мерења.
Авторот Chen Ly(новинар за вести кој пишува низ науката и технологијата), овде пишува што вели Лијан Хе: „Овие аеросоли можат да ја спречат сончевата светлина да стигне до површината на Земјата, што секако може да го попречи капацитетот за фотосинтеза на растенијата. Од друга страна, кога има помалку аеросоли загадување во амосферата, повеќе сонце може да допре до лисјата на растенијата.“
Заклучокот е јасен и очигледен: растенијата се попродуктивни за време на викенд, благодарение на почистиот воздух.