Руска салата – Традиционално зимско гурманско искуство

ruska salata руска салата

Добро знаеме дека празничната зимска трпеза не може да креира било каква гурманска приказна, без веќе традиционалната руска салата.

Имено, таа е позната на Балканот, но популарна е и низ цела Источна Европа, а со помош на социјалните мрежи, таа стана вирален хит и низ светот. Интересно е што таа има повеќе имиња и така можете да сретнете како се потпишува како „Салата Оливие“ ,„Салата од Оливие“ или „Енсалада Руса“ . Ако сте во потрага по оригинален рецепт за руска салата, се наоѓате на вистинската адреса.

Сепак, имајќи го во превид фактот, дека кулинарската фантазија е безгранична, на секаде во светот се додаваат различни состојки од оние на кои ние сме навикнале.

Ете на пример, во Полска никој не додава месо, туку додаваат друг зеленчук како корен од целер, пашканат. Оние најинвентивни, додаваат дури и сечкано јаболко. Ок, моментално немаме телефонски број или било каков контакт да се консултираме со некој готвач од реномираните ресторани Мишелин со повеќе ѕвезди, но и тие почнале од негде, а според нас креативноста е онаа која ги водела до врвот. Така што, ако ви се допаѓа, зошто да не и јаболко…Ок, можеби е премногу, но како сакате.)

Нашите готвачи се навикнати да додадат разни намирници во руска салата, а понекогаш наместо шунка, додаваат сечкано бело месо или пршута.

ruska salata
руска салата

Измислена од Лусиен Оливие и е прилагодена за сите вкусови од Источна Европа. Се верува дека овој е оригиналниот рецепт и потекнува уште од 18 век. Подолу во редовите прочитајте го рецептот и подгответе се за најубавите празнични денови.

„Низ вековите, различни региони на Источна Европа развиле свои варијации на оваа салата, но неколку основни состојки се заеднички за сите: компири, јајца, моркови, кисели краставички, кромид, грашок и прелив на база на мајонез.“ – вели изворот.

Што ви е потребно за ова неповторливо гурманско и празнично искуство. Ок, заборавете на диета и слабеење. Време е за опуштање:

Компир;
Моркови;
Јајца;
Грашок;
Кисели краставички;
Кромид;
Шунка (по избор).
Подготовка:

Важно е да се напомене дека јајцата и зеленчукот треба да се изладат после нивното варење и пред да се исечат. Е ова е можеби оној чекор кој бара трпение, но… мислете на финалето : )

Чекор 1: Во тенџере со ладна вода ставете ги јајцата. Оставете да зоврие и варете 10 минути. Извадете ги јајцата од водата и пред да ги излупите оставете ги целосно да се изладат.

Чекор 2: Неизлупените моркови и компири, ставете ги во тенџере со вода. Додадете една лажичка сол и оставете да зоврие. Гответе додека зеленчукот не омекне, околу 20-25 минути. Како што напоменавме погоре, извадете ги од вода и оставете ги да се изладат целосно.

Чекор 3: А киселите краставички? Што се случува со нив? Излупете ги и исечкајте ги (Ретко кој ги лупи, но еве вистинскиот рецепт тоа го советува).

Четвртиот чекор вели: Исечете го кромидот.

Чекор 5: Исцедете го и исплакнете го конзервираниот грашок. Излупете ги и исечкајте ги јајцата, компирот и морковот (ако користите, исечете ја и шунката на коцки).

Чекор 7: Ставете ги сите состојки во голем сад и измешајте.

Чекор 8: Во помал сад измешајте мајонез со сенф и бибер. Додадете го во состојките за салата и повторно измешајте сè.

Важен совет при правење салата: Не ја посолувајте смесата. Мајонезот, како и сенфот, веќе содржат многу сол. Прелијте ја салатата со преливот. Сега вкусете, па дури потоа посолете по потреба. Запомнете, секогаш можете да додадете сол, но не можете да ја отстраните!

Пријатен апетит. Уживајте во деновите што следат и донесете празнично располоение во омиленото катче, вашата кујна. Секако, последната состојка е љубов. И анјголемите готвачи го потенцираат тоа.