Амазон е име кое сега е синоним за глобалната е-трговија. Тоа е компанија која претендира светски успех и ве покрива на сите фронтови од облека до дронови. Основана е на 5ти јули 1995 година.
Човекот кој стои зад империјата во е-трговијата Амазон, е човек-чудо, Џеф Безос. Тој е најбогатиот човек на Земјата со нето богатство од 115 милијарди долари според индексот на милијардери Блумберг. (Доставува деловни и пазарни вести, податоци, анализи и видео до светот со приказни од Businessweek и Bloomberg News).
Компанијата првично била наречена „Кадабра“. Термин сфатен како нешто што личи на магија, како во „абракадабра“, според книгата на Бред Стоун, „Продавница за сѐ“. Но, адвокатот на извршниот директор Џеф Безос сугерирал друго име. Проблемот бил затоа што луѓето имале тенденција да го слушаат името Кадавер (мртво тело), наместо Кадабра.
Тоа било секако лоша асоцијација за било кој и било што. Погрешно изговореното име и погрешно емитувано во етерот, довело до тоа да се преименува во „Reelentless“ – (Немилосрдни), пред конечно да се насели на „Amazon“,име кое сега е синоним за глобалната е-трговија, компанија која претендира светска доминација.
„Ова не само што е најголемата река во светот, таа е многу пати поголема од следната најголема река. Ги разнесува сите други реки“. – Рече Безос додека им го соопштувал името на својата компанија на вработените во Амазон“, цитат од Бред Стоун.
Денес, Амазон е колосална корпорација со обрт од околу 20 милијарди долари годишно и нето добивка од околу 0,5 милијарди долари. Веб-страницата има многу технолошки услуги, моќни оддели за рекламирање, аналитика и информации. Започна со парче дрво и стар компјутер. И талентиран човек по име Џефри Безос.
Веројатно АбраКадабра со своето магично стапче го донесе Амазон со „многу притоки“ како еден убав симбол на нов бизнис. Магичното стапче, никаде на друго место не создава таква магија како во Амазон затоа што Џефри Безос знае по кој принцип „таа“ работи и трае.