Неверојатен подвиг: Дороти Хефнер на 104 години скона со падобран и оствари нов светси рекорд
„Годините се само бројка“. – Рекла Дороти Хефнер веднаш по слетувањето на аеродромот во северниот дел на Илиноис за падобранци во градот Отава, на околу 140 километри од Чикаго – пишува Chicago Tribune. Публиката била воодушевена од подвигот на 104 годишната Дороти Хефнер. Желбата на Дороти е нејзиниот скок со падобран да биде сертификуван како нов светски рекорд. Нејзината намера е истиот да го побие рекордот на Гинис. Досега рекордот на Гинис го држеше Линеа Ингегард Ларшон од Шведска, само една година помлада од Дороти Хефнер. Во 2022 година, во мај, Линеа го прифати предизвикот и најверојатно ја инспирира нејзината врсничка. И Дороти има нескротлив дух и таква доза на адреналин која има способност да те „активира во облаците“ и да создаде силен интензитет на возбуда.
„Горе е прекрасно. Поубаво не може да биде.“ – вели Дороти, која скокна со падобран во тандем скок (поврзан со инструктор преку ремен).
„Следната година би можела да се провозам со балон на топол воздух.“ – вели таа.
Skydive Chikago Airport ќе ги активира сите свои заложби скокот на Дороти Хефнер да биде внесен како нов светси рекорд, објави локалната ТВ станица WLS.
Сосема оправдано и вредно за почит, инспирација и мотивација.