Стадо овци „налетале“ на стаклена градина во која се одгледува канабис за фармацевтски цели и изеле околу 100 килограми од ова растение. Сопственикот на стаклената градина бил во „шок“ откако дознал колкава штета претрпел. Имено и онака неговото производство претрпело големи штети од невремето-разорните поплави кои го зафатија поширокото подрачје на Тесалија и сега уште овците да „докусурат“!
„Не знам дали да се смеам или да плачам. Имавме силни топлотни бранови и изгубивне дел од производството. Имаме и поплави и уништија друг дел. А сега, после сето тоа, имаме стадо овци, кои влегоа во објектот и почнаа да јадат што останало. Искрено не знам што да кажам,“ – вели сопственикот на лиценцираната фарма за канабис.
А кој знае како им е на овците?! Овчарот бил изненаден од нивното однесување откако ги извадил на пасење во областа Магнезија, Грција.- пренесува –The Neuspaper.gr