Стана вирален хит и не е само тој кој тврди патува низ времето! „Постојат ли вонземјани?!“
Корисникот на Тик Ток за кој се вели дека има 35 000 следбеници , тврди дека живее во 2491 година. Дека е роден на Сатурн како човек , а своите „нирони“ ги опишува како суштества повисоки од 220 сантиметри. Тие се со обликувани черепи, темно сива боја и искривен изглед. Овој (веќе познат човек), тврди дека е патник низ времето и додава.
-Ќе слетаат на Земјата, ќе дојдат во мир. Но, со текот на времето САД ќе започнат отворен „интердимензионален“ конфликт со нив. – Вели косрисникот на ТИК ТОК чие тврдење дека патува низ времето, стана вирален хит.
– САД ќе ја загубат војната и многу видови вонземјани ќе ја населат Земјата и ќе живеат заедно со луѓето како рамноправни жители на планетата.
@futuretimetraveller More things you need to know. #fyp #PupPeroniShuffle #time #timetraveler
♬ Time Travel – Lovett
На социјалните мрежи, сѐ повеќе корисници тврдат дека се патници низ времето! Можеби сите ние сме патници низ времето, само не го знаеме тоа. Во „трката за преживување“ ни слабее перцепцијата. 2023 или 2047, Сатурн или Марс, сеедно. Можеби и сме поздравиле некој вонземјанин на патот „од дома до работното место“ и во обратна насока, сосема несвесно, без да обрнеме внимание.
Веројатно, ние земјаните имаме попаметна работа и се фокусираме на „полнење на фрижидерот“. Ако некој вонземјанин ни дојде на гости, прво треба да го угостиме. Што јаде, што пие, дали ќе му се допадне нашата трпеза, нашето гостопримство или пак „ќе си носи нешто од дома“ и ќе се чуди на земскиот начин на живот?!
Како и да е, во глобала, овде на Земјата, оптимистички гледаме на работите. Се надеваме на некоја попрактична формула на живеење и цврсто веруваме дека токму тие, вонземјаните, ќе ни ја откријат формулата на лесен и удобен живот. Време е да се запознаеме.