ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СО ЕКСКЛУЗИВЕН КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА

НА 1 АВГУСТ, КАДЕ И ДА СИ, ВО БИТОЛА ДА СИ! – стои во соопштението за уште еден настан за паметење. Имено, најголемата регионална ѕвезда на сите времиња, Здравко Чолиќ, оваа летна сезона ќе одржи само еден концерт за цела Македонија. Истиот е закажан на 1 август, на СТАДИОН “ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ” во Битола. Деталите околу концертот прочитајте ги подолу во ПР текстот на Аvalon International Booking:

Здравко доаѓа во Македонија на Стадионот ,,Петар Милошевски” во Битола во време во кое, со своите концерти, ги урива сите рекорди по посетеност ширум регионот.

Да речеме, ќе влезе во историја неговата серија од 5 распродадени концерти во ,,Зетра” во Сараево овој март и април (2026), што вкупно изнесува повеќе од 80.000 луѓе, или трите скопски концерти во ,,Борис Трајковски” (2025), што изнесува скоро 20.000 луѓе!

А, тука се и рекордните 6 Белградски Арени (2019) со повеќе од неверојатни 120.000 посетители !

Рекорди кои впрочем и претходно самиот Здравко ги држеше, со распродадени концерти во ,,Ушчe, ,,Кошево” и ,,Маракана”…

Вечната борба со самиот себеси, да се оди само напред, само со неговите безвременски песни, скромно, културно и пред сѐ квалитетно, ги прави неговите тричасовни концерти секоја година сѐ подобри и подобри, неверојатно енергични и пред сѐ, на високо светско ниво според сите норми и стандарди… на големо задоволство на неговата публика која, како времето одминува, е сѐ побројна и побројна, правејќи ги неговите концерти голем собир на буквално сите генерации.

За сите што се прашуваат зошто Здравко Чолиќ е сѐ уште тоа што е, одговорот е – затоа што неговите концерти се на највисоко светско ниво!

Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени вечерва во 20 часот на нашите платформи.

На 1 август, каде и да си, во Битола да си!”

[post_tags]