Брилијантен текстописец и исклучителен хроничар на битолскиот дух, Валентин Соклевски е едно од ретките имиња што автентично ја носат и пренесуваат смислата на вистинскиот битолчанец. Со целосна посветеност на пишаниот збор, тој со години создава евергрини. Стихови и текстови што раскажуваат локални приказни и прераснуваат во трајна културна инспирација.

Во своето творештво, Соклевски континуирано се навраќа на она што сме го имале, што ни значело и што нè обликувало. Неговиот фокус е насочен кон народната култура и фолклорот. Истите ги истражува и интерпретира со почит кон минатото и јасна свест за нивната вредност во современиот контекст.

Неговата животна и творечка приказна е и приказна за љубовта кон Битола. Љубов што се носи со полни гради и што ја дефинира нераскинливата врска со домот и потеклото. Како вистински интелектуалец, Соклевски преку своите стихови потврдува дека Битола останува силно жариште на културата и идентитетот во Македонија.
Повеќе за Валентин Соклевски – неговиот живот, кариерен пат и лични размислувања – погледнете во новата епизода на YUGO, достапна во видеото подолу.
