Народен театар Битола ја најавува својата најнова премиера за најмладата публика. Детската претстава „Авантурите на Пинокио“, која ќе биде изведена на 28 февруари со почеток во 18 часот. Претставата е работена по текст на Карло Голдони, а режијата ја потпишува Дејан Дамјановски.

Станува збор за сценска адаптација на познатата приказна за дрвеното момче Пинокио, која преку музика, динамична игра и шарени ликови носи пораки за пријателството, храброста и важноста на вистината. Претставата е наменета за деца, но и за целото семејство.
Во улогата на Пинокио настапува Никола Стефанов, а актерската екипа ја сочинуваат и Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска и Александар Димитровски.
Часовници, деца, кукли: Театарска школа „Бабец“:
Софија Наумовска, Ана Анѓелевска, Веда Мавровска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана, Марија Каранфиловска, Лина Христовска, Војдан Мавровски, Николај Илијевски.
Музиката за претставата е на Марјан Неќак, сценографијата е дело на Сергеј Светозарев, а костимографијата на Андреј Ѓоргиевски. Во реализацијата учествуваат и тон мајсторот Александар Димовски, светло мајсторот Игор Мицевски, суфлерот Мирјана Христовска и инспициентот Оливер Петровски.
Билетите за претставата се достапни преку официјалната веб-страница на Народен театар Битола.
