Општините во државата во последните години покрај тоа што јавноста ја известуваат преку медиумите, тие уште почесто преку своите официјални веб страници, а и профили на социјалните мрежи објавуваат текстови, фотогрфаии и видеа за општинските активности.
За тоа колку општините на овој начин влијаат врз медиумската писменост и борбата со дезинформациите, во денешниот подкаст разговараат Александар Ламановски од Ресен со Цветанка Ристевска, раководител на Одделението за административни и општи работи, но и повеќе години лице за односи со јавност во Општина Битола.
Подкастот е снимен е во рамки на проектот „Младинска медиумска лабораторија“ во кој млади од Пелагонија во соработка со професионални новинари во улога на ментори ја обработуваат темата на медиумската писменост.
Проектот „Младинска медиумска лабораторија“ го имплементира граѓанската организација Граѓански Патеки во партнерство со здруженијата ИКТ Свет, Журналист, Од млади за млади, Младинска Граѓанска Акција и Еко герила Преспа.
Со цел едукација на младите критички да ги разбираат медиумските содржини, продуциран е и Видео курс за медиумска писменост кој можете да го следите на веб платформата www.medialab.mk.
Проектот „Младинска медиумска лабораторија“ се спроведува во рамките на регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“, која се имплементира со финансиска поддршка на Европската Унија од партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Советот за медиуми на Косово, Црногорски институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.