Достоинството пред Сè: Време е да си го Цениме Трудот. / Кога „фала“ се користи наместо фер плата, достоинството не смее да биде компромис. Оваа колумна е повик за враќање на вредноста на човечкиот труд – за сите што работат чесно, совесно и со срце. Зашто тоа не е привилегија. Тоа е основно човеково право. Без лична вредност, ниту еден напор не се чувствува вреден, а без вреднување – останува само умор.
Достоинството е самопочит/ Не е ароганција
Да бараш фер услови не значи дека бараш премногу – туку дека знаеш колку вредиш. Достоинството значи да ја препознаеш својата лична вредност и да не дозволиш таа да биде потценета. Совесноста не смее да биде причина за експлоатација.
Зошто треба да зборуваме за почитта кон себе?
- Затоа што штити од прегорување и психолошки товар.
- Затоа што младите гледаат и учат како се однесуваш кон себе.
- Затоа што кога се чува достоинството, се чува и интегритетот – твојот и на твојата организација.
Како да го зачуваме вреднувањето на човечкиот труд?
- Биди искрен/а: Кажи дека твојот труд вреди повеќе од симболичен надомест.
- Барај фер третман: Трудот не е милостина – трудот е услуга што заслужува вреднување.
- Не се извинувај: Самопочитта не е тврдоглавост – тоа е стабилност.
- Ако ти речат „ама што ти е гајле“ – одговори: „Ми е гајле, затоа што си ја ценам внатрешната сила и самопочитта..
- Ова не е само твоја битка
Ова не е лична каприциозност – ова е градење подобро општество. Кога го цениме трудот, го градиме патот кон општество во кое се почитуваат луѓето, нивниот глас и нивниот напор. - „Нема мир без правда, нема правда без почит кон човекот.“
– Папа Јован Павле II
„Почитувајте го трудот, бидејќи трудот е почетокот на секое достоинство.“
— Махатма ГандиЖивеј го достоинството
Не дозволувај никој да ти ја одземе внатрешната вредност. Застапувај се – со зборови, со дела, со мир во себе. Кога си верен на својот труд, верен му си на својот пат. А тоа е најчистата победа.
Верувај во себе, твојот труд секогаш носи вистинска вредност.
автор: Ромина Марковска
извор на инспирација: лични искуства и размисли за вредноста на човечкиот труд и почитта која тој ја заслужува.