Бесплатен влез, над 30 музички ѕвезди ихуманитарна мисија на Д ФЕСТИВАЛ во Штип
Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен open-air
музички фестивал во Македонија оваа
година одбележува јубилејно 15 издание
кое ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип и
со бројни новости во својот програмски
концепт. Единствениот мултимедијален настан каде што музиката, уметноста и
заедништвото се спојуваат во едно
уникатно доживување, оваа година
добива поголема хуманитарна мисија
која Фестивалот ја реализира во
соработка со иницијативата „Support Kocani“.
Имено, Д Фестивал ова лето ќе биде со
бесплатен влез за сите посетители, но
со можност за купување т.н.
хуманитарни билети. Цената на
хуманитарниот билет е 1500 денари, а сите
собрани средства ќе бидат наменети за
иницијативата „Support Kocani“. Овие билети
од денеска се достапни во продажба
онлајн на веб-страницата МкТикетс, на
овој линк: https://mktickets.mk/event/d-festival-2025/ .
Хуманитарната мисија на фестивалот е
акт на солидарност, сочувство и
обединување, по трагедијата што ни се
случи во Кочани – трагедија што нè
потресе сите, без разлика дали сме дел
од музичката сцена или од пошироката
заедница.
„За Д Фестивал, кој отсекогаш се
залагал за заедништво, за безбедност и
поддршка, суштински е да се реагира на
секој можен начин, за помош онаму каде
што е најпотребно, но и понатаму, за
носење на иницијативи кои__ ќе
придонесат во општото функционирање__,
зголемување на безбедноста, културното
издигнување и одговорноста во нашата
заедница._
_Во оваа насока, го потенцираме нашиот
став дека Д __фестивал не е__ само
простор за забава и уметност, туку и
платформа за добрина, поддршка и
заедничко делување. Веруваме дека
културата има сила да сплотува и да ги
поттикнува токму тие вредности. Па
затоа ова лето, заедно ќе бидеме дел од
едно поинакво, посветено издание на Д
Фестивал._“ – кажа тимот на „Пасворд
Продакшн“, организаторот на Д
Фестивал, на денешната
прес-конференција која се одржа во
Штип.
На прес-конференцијата учествуваше и
градоначалникот на Општина Штип,
господинот Иван Јорданов, кој во оваа
прилика изјави: „_Горд сум што брендот
Д Фестивал заедно со Пасворд
Продукција која го организира сите
овие години го донесовме во Штип и се
надевам дека ова е еден убав почеток на
успешна приказна за градот.
Со Д Фестивал, градот Штип ќе ја прошири
својата културна понуда и во летниите
месеци, а верувам дека со овој фестивал,
Штип ќе добие и една нова можност за
културен туризам.
Значењето на Д Фестивал ќе биде големо за нас како град и за локалната економија со тоа што илјадниците гости на Д Фестивал ќе
ги користат нашите капацитети за време
на фестивалот._“
Голема поддршка на Д Фестивал се и
партнерствата со општествено-одговорни компании, а од самите почетоци на Фестивалот таков партнер е Пивара Скопје, кои за новото поглавје на Д Фестивал ќе кажат: „Чест ни е што уште од самиот почеток, веќе 15та година по ред, сме дел од оваа приказна. Скопско и Скопско Smooth во
својата __ДНК__ ја имаат посветеноста на
поттикнување и поддржување на креативноста, автентичноста и
себереализацијата. Овие вредности се
длабоко усогласени со духот на Д Фест__
кои беа препознаени уште на самиот
почеток… Тоа е она што ја прави нашата
соработка толку природна.
Години наназад го поддржуваме развојот на овој настан… Како платформа што ја слави моќта на музиката. Што собира на едно место уметници и заедници кои ја споделуваат пасијата за поместување на границите.
Чест ни е што продолжуваме да бидеме дел од оваа приказна. Со нетрпение очекуваме уште многу години соработка, иновации и
прослава на музика што инспирира.” –
изјави Милена Спасевска од Пивара
Скопје.
Повеќе од 30 музички изведувачи ќе
настапат на Д ФЕСТИВАЛ 2025
На денешната прес-конференција беше
презентирана и музичката програма на Д
Фестивал 2025. Истата ќе се одвива на двете
најголеми бини на овој фестивал.
Главната бина и „Москито Стејџ“… Каде
што во трите вечери, од 4 до 6 јули ќе
настапат повеќе од 30 музички
изведувачи.
Најголем дел од програмата го сочинуваат домашните артисти. А во таа листа ќе се запишат дел од најрелевантните претставници на современата македонска музичка сцена. Уметници кои со своето дело веќе оставија неизбришлива трага… Но, и сѐ
уште ја восхитуваат музичката јавност
со своето творештво и сценски изведби:
АРХАНГЕЛ, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ кој ќе
настапи заедно со TK WONDER и ROOTSMAN I… МИЗАР, ФОЛТИН, ЉУБОЈНА, ПИЈАН СЛАВЕЈ, ПАРКЕТИ.
Покрај нив, ќе настапат и водечките
претставници на новата македонска музика:
ДИНА ЈАШАРИ, PEACH VICE, DOPE KUKJATA, Последен удар… Princess Donatsu, Don Playa, ZEE & Matej Foltz, Кем, Moira, Nikartic, Gwass, диџеите Флудер и Мана.
Од светските ѕвезди, на Д Фестивал
доаѓаат британските дарк-рок пионери THE
SISTERS OF MERCY! Ова е култно име на
глобалната дарквејв сцена. Бенд кој
повеќе од четири децении го восхитува
светот со својот препознатлив звук и
интензивни сценски настапи.
Од Јамајка во Штип ни пристигнуваат и
вистинските легенди INNER CIRCLE! Со хитовикако “Bad Boys”, “Sweat (A La La La La Long)” и многу други… Ова е несомнено еден од најголемите реге бендови на сите времиња.
Фановите на најжестокиот звук пак, ќе имаат чест да уживаат во настапот на култниот бразилско-американски метал
бенд SOULFLY, предводен од славниот Макс Кавалера.
Најзаразниот рефрен од актуелниот
избор за песна на „Евровизија“ пристигнува на Д Фестивал со третопласираниот артист од финалето,TOMMY CASH. Рап изведувачот, танчер и визуелен уметник од Естонија.
На Д Фестивал годинава нема да изостанат ниту ѕвездите од регионот. Па македонската публика ќе има прилика да ги погледне секогаш импресивните и извонредни БУЧ КЕСИДИ – убедливо највозбудливиот бенд на новатабалканска поп-рок сцена и С.А.Р.С. –
Докажано еден од најомилените бендови
на овие простори.
Кон оваа листа на изведувачи наскоро ќе
бидат додадени и нови имиња. Апубликата на Д Фестивал ќе има привилегија да биде дел од тридневниот музички маратон со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ за сите посетители… Од 4 до 6 јули во Штип.