Интуиција: Зошто ретко лаже и зошто треба да ја слушаме?

intuicija-zoshto-retko-lazhe-i-zoshto-treba-da-ja-slushame

Интуиција: Зошто ретко лаже и зошто треба да ја слушаме? Mи рече – ама не ја послушав…Ми шепна тивко: „Не оди таму.“
Ми се јави со чувство во стомакот, со тензичен здив, со чудно молчење во главата.

Ама јас? Ја покрив со „ама логично е“, со „сите велат дека е добра идеја“, со „не сакам да испаднам параноична“.

Интуиција.
Отидов. Прифатив. Му верував.
И уште пред крајот на првата реченица – веќе знаев дека интуицијата ми праќала SOS.
Само што јас сум си имала привремено глувило за внатрешни шепоти.

Интуицијата не те моли. Не те кара. Таа само си ќути откако ќе ја игнорираш и чека – да се сетиш. Да се вратиш. Да сфатиш.

Со тек на време научив: не е важно дали можам да објаснам зошто нешто не „ми мириса“.

Доволно е што не ми мириса.

Наместо да барам докази, сега си верувам. Затоа што најдобрите одлуки во животот не ги донесов со логика.

Ги донесов со чувство. Со срце. Со она старо, тивко „знам“ кое не знае зошто – ама знае.

Интуицијата е подарок. Женска супермоќ. Или ако сакате – невидлив Wi-Fi кон вистината.¨ Таа не се учи од книги, таа се препознава во тишина. Се појавува кога си искрен со себе, кога си тивок, кога си присутен.

И секогаш кога не ја слушаш… плаќаш со искуство.

А секогаш кога ќе ја послушаш – плаќаш со мир.

А мирот, реално, е најскапото нешто на светот.

Не е ни чудо што интуицијата тивко шепоти – знае дека вредноста ѝ е непроценлива.

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]