Банана Торта без Печење со Чоколадо – Рецептов Освојува!

banana-torta-bez-pehenje-so-chokolado-recept-koj-osvojuva

Банана Торта без Печење со Чоколадо – Рецепт кој Освојува!

Во море од комплицирани рецепти за торти, оваа банана торта ќе ве освои. Има богат вкус и едноставна припрема. Мека подлога од мелен кекс, какао и путер, исполнета со воздушест фил од банани, млеко и ванилин пудинг, прелиена со сјаен чоколаден ганаш – вистинска домашна слатка магија.

Со минимален труд добивате десерт кој изгледа како од професионална слаткарница, но се подготвува брзо и лесно дома. Идеален избор за гости или кога ви се јаде нешто слатко, а не сакате да стоите со часови покрај шпоретот.

Време на подготовка: 30 минути

Состојки:

За подлогата:

  • 300 г мелен кекс
  • 50 г шеќер во прав
  • 20 г какао
  • 100 г путер
  • 120 мл млеко

За филот:

  • 2 банани
  • 720 мл ладно млеко
  • 3 кесички шлаг
  • 3 кесички пудинг со вкус на ванила (без готвење)
  • 80 г мелен кекс

За чоколадниот ганаш:

banana-torta-bez-pehenje-so-chokolado-recept-koj-osvojuva
  • 150 г темна чоколада
  • 150 мл слатка павлака

За декорација:

  • 150 г темна чоколада
  • 150 мл слатка павлака

Подготовка:

  1. Измешајте ги мeлениот кекс, шеќерот и какаото. Додадете растопен путер и млеко, па соединете ја смесата. Распоредете ја во тркалезен калап со дијаметар 21 см.
  2. Пасирајте ги бананите, додадете ладно млеко, потоа шлагот и пудингот во прав. Миксирајте до мазна смеса, па додадете мелен кекс и повторно измешајте. Истурете го филот врз подлогата.
  3. Стопете ја темната чоколада со слатката павлака и прелијте ја тортата. Ставете ја во фрижидер најмалку неколку часа да се стегне.
  4. За декорација: стопете чоколада и павлака, покријте со фолија и оставете да се излади. Потоа изматете и со шприц декорирајте ја тортата.

Совет: Оваа торта е совршена за родендени, слави или едноставно како неделен десерт. Комбинацијата од банани и чоколадо никогаш не излегува од мода!

Bon appetit!

[post_tags]