Татијана Стефановска за кариерата и животната приказна во ,,YUGO”

Битолчанка на сцена: Татијана Стефановска – од локален хит до глобална дијаспора. Запознајте ја „од поблиску“ – пејачката од Битола со срце на сцена и хит кој одекнува до Австралија.

Во новата епизода на YUGO, Татијана Стефановска споделува детали од својот живот, музичката приказна и коментира со насмевка за тоа колку е Битола денес раскопана. А како вистинска Битолчанка – ја запеа и истоимената песнa, среде Охрид!

Вашиот и наш Мими, ја пречека фолк пејачката Татијана Стефановска – горда Битолчанка, мајка, сопруга и уметник со 17- годишна кариера. Овој пат, Мими прв пат снима во Охрид, а Татијана веднаш забележа:„Многу е изграден Охрид.“ На што Мими со насмевка одговари:„А сега колку е раскопана Битола…“

Татијана: Од хор во Битола до хит во Австралија

Започнала со музика уште од мали нозе, пеејќи и во градскиот хор „Стив Наумов“. Кога професионално зачекорила на сцената, постоела само една „супер надежна продукција“ што работела со турбо фолк и до толку надежна, што успеала да се издвои благодарение на поддршката од дијаспората.
Песната „Битолчанка“ веднаш станала нејзин заштитен знак – особено во Австралија каде што стана вистински хит.

Татијана Стефановска

Живот зад сцената

Денес, Татијана е мајка на четиригодишно дете и сопруга на Митко Бежаноски, саксофонист и професор по музика. Се венчале во Битола во 2012 година, со свадба исполнета со настапи од колеги и пријатели. Последните информации за тоа кој е мажот зад ова енергично лице ги добивме директно од изворот – бидејќи љубопитноста не ни даде мир.

Иако често патува и настапува, Татијана и понатаму сама се шминка и дотерува. На прашањето дали е скапа пејачка, таа со насмевка одговори: „Да… ама за цените не зборувам!“

Поглед кон иднината

Татијана во југото на Мими призна дека размислува за можноста да се пресели во Канада. Топлото срце ја влече, ама ладното време ја одбива. Америка не ја привлекува поради системот… Но, Канада ѝ делува како семејна и пристојна опција.
.
Кога Мими ѝ забележа дека има iPhone 16, гостинката само се насмевна, а тој во свој стил, додаде:

„Ме јаде, си реков ќе ти се пофалам со мојот модел, ама ништо.“

Битолчанката на сцена, заврши со искрена порака:

„Здрави, живи, младите музичари да ги остваруваат своите соништа.“ И не заборави да му залагодари на Господ за своето дете и талентот.

И меѓу насмевките и спонтаните моменти, оваа Битолчанка би рекле дека одамна не е само локален феномен – таа е жена со харизма, истрајност и глас кој патува преку континенти.

Битолчанка“ можеби е нејзиниот најголем хит, но вистинската песна што ја пее, е песната на љубовта, семејството и вербата во соништата – уште од детските денови во хор до големата сцена на дијаспората.

Погледнете го видеото погоре во текстот.

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]