Жештини горештини, а Мими в југо! „Цепи“ по улици! Тро калдрма, тро дупки…Али учени сме! Климата -рачна!
„Ова Југо кое го возам е малку поново… Произведено е 2006та и не е толку бучно дур се возиш, а климата е рачна, ако ти е жешко си отвораш џамче хаха А и сајлата од парното ми е скината, така да фучи жешко внатре дур се возиме и за да го исклучам морам да застанам и да ја отворам хаубата па од кај моторот да ја исклучам топлата вода да не оди во парното итн. Комплицирано а? хаха“ – Така се изјасни Мими во неодамнешното интервју за разбуди се.
Али жешкото не е нешто шо ќе клај кочница. Југото си вози и на жешко, а Мими со неговиот препознатлив ентузијазам и позитива со уште еден гостин.
Иначе станва збор за битолчанецот Јове Јоцо Ѓоргиевски, дете битолчанче со стварно голема визија и талент. Ко шо рече Мими, во Довлеџик има цела лабараторија гаража „Јоцо Солушн“ ! Јакичка идеја која веќе подолго време функционира на нашиот пазар. Јоцо се занимава со 3 Д дизајн и работи секакви конструкции од железо, делој за коли и слично. Ѓоргиевски е еден од модерните мајстори кои му фалат на битолчани, а во муабето во на Мими југото си кажва подетално за својата работа, бенефитите, пазарот, колку се цени трудот.
Меѓу другото, „в Очи“ ни падна еднa реплика на гостинот за која мора да си признајме оти се согласваме: „Колку и да му прајш на чоек арно, пА нема да чиниш! Зато прајте го тО шО го сакате!“
Понатаму муабетО си крцкаше и се збораше за гуштери, змии, игуани… Зошто игуани и од кај па сеа змии… Е ќе видите де! Стрпете се! Јоцо е љубител на животните и не може да ја опише љубовта која ја чувствува кон нив. Се отвори тема и за тоа што работат младите во Битола, дали постои уште муабетО „Испод части“…Дали младите се срамат од работа…? И да не должиме многу, ѕирнете го видеото во продолжение и уживајте.
П.С. Лесно ви е вас под клима дома, Мими шо да речи. Ама зато му дадоја вентилатор!