Модерниот брак: Дали е Револуција или Реконструкција на Стариот Образец?
Бракот, еднаш основа за стабилност, континуитет и заедништво, денес се чини дека се наоѓа на крстопат. Со секој нов бран на културни промени, прилагодени кон забрзаниот начин на живот и глобализацијата… Модерниот брак изгледа како да носи нова дефиниција. Но, дали тој всушност е револуција или само реконструкција на стариот образец, преку нови услови и приоритеи?
Кога бракот станува институција?
Иако зборуваме за љубов, приврзаност и заеднички живот, денес бракот се поими како сложен економски договор. Премногу често се прашуваме: што нè врзува – љубов или удобност, удобност или страв од самотија? И додека порано бракот повеќе бил општествена должност, денес изгледа како личен избор, диктиран од инстантните задоволства и непрекинатата потрага по идеалната верзија на себе.
Но, ако модерниот брак е реконструкција, тогаш кои се новите елементи што го прават овој модел поразличен од традиционалниот? Една од клучните промени е дефинитивно почитувањето на индивидуалните амбиции.
Задолжителен елемент е самопочитта, која сега станува предуслов за добар брак, а не само љубовта или хемијата. Не е невообичаено партнерите да работат на својата кариера, да имаат различни интереси и дури да имаат различни животни патишта. Во оваа нова реалност, заедништвото не значи обавезно целосно синхронизирање на животите, туку ослободување на просторот за индивидуално изразување.
Модерниот брак не значи само заеднички простор – значи дури и дистанца, со оглед на тоа што многу парови избираат да живеат одделно, но да останат во врска. За некои, ова е начин да го зачуваат својот личен простор и автономија, за да други пак, таа дистанца создава нова димензија на блискост. Но дали дистанцата, во суштина, не го прави бракот полесен за раскинување? Тоа отвора прашање: дали модерниот брак ја има истата тежина како старите модели?
Иако многумина го сметаат модерниот брак за победа на индивидуализмот, постојат и оние кои велат дека таквиот пристап ја губи суштината на бракот како најголемо заедничко патување. И не е изненадување дека со повеќе лични интереси и помалку заеднички цели, модерниот брак е подложен на поголеми ризици од развод. Нема гаранција дека задоволството од личната слобода автоматски ќе ја задржи стабилноста на партнерството.
Но дали тоа значи дека љубовта е поблага и помалку искрена?
Во многу случаи, модерниот брак го поставува акцентот на еднаквоста – не само во правата, туку и во тежината на одговорностите. Љубовта не е само чувство: таа се гради преку постојана работа и искрена комуникација. Но, ретко имаме време да размислиме за тоа – премногу сме зафатени со сопствените проекти, амбиции и дневни обврски.
Модерниот брак, бара нова первепција на успехот. Без разлика дали го сметаме бракот за вечен сојуз или само за заедничко патување низ животните етапи, важно е да разбереме дека секој брак има своја димензија на успеси и падови.
Со текот на годините, значењето на „успешен брак“ се менува – понекогаш тоа се двајца среќни луѓе што живеат според свои правила, понекогаш двајца што остнуваат поради некоја поголема цел.
И така, модерниот брак се наоѓа во фаза на постојано преиспитување. Во време кога технологијата и културните промени ги пробликуваат нашите вредности, бракот мора да се прилагодува. Но едно е сигурно: како и секоја институција и бракот ќе продолжи да се развива – со нови облици и нови значења. Бидејќи ништо не епостојано – а љубовта, на крајот, се менува заедно со нас.
Пишува: Ромина Марковска