Ко ќе го видиш Мими со југото како си шиба низ Битола, одма знајш– ќе има шо да видиш и шо да слушниш, а во ова издание, гостинот беше Зоран Мишевски – наш чоек, мајстор за спортски муабети и коментатор шо го знај не само цела Македонија, туку и подалеку и пошироко.
Битолски адут за спортски приказни! Е, си имаме ние битолчани вакви луѓе – спонтани, шармантни, ама и професионалци. Зоран одма се прилагоди во „студиото“ на Мими и рече: „Ова е најдоброто студио шо сум го видел!“ И стварно, кај ќе најдиш на друго место муабет шо течи ко ракија со туршија мезе и плус то си се возиш низ Битола и си добиваш поклончиња ?! Така? Така ами како поинаку!
Мими и Зоран си праеја муабети за сè – од интервјуа со светски фудбалски ѕвезди до нашите спортски маки и „проблемчиња“. Популарниот спортски коментатор има битолска душа и Чоеко си е професионалец – триесет години со мерак за спортот. И секогаш наоѓа начин за спортски муабет.
Нашио чоек си кажа дека францускио го владеј „ко вода“, а шпанскио и италијанскио ги држи како резервни адути. Тука има и еден француски трик со Фудбалеро Азар: кога Еден Азар од белгиската репрезентација рекол дека „не знае англиски,“ Зоран само се насмеал и пуштил француски во етерот: „Нема проблем, ќе зборваме на француски!“
Азар немал каде – интервјуто испаднало феноменално ко книга. Шо мислеше Азар , така лесно ќе се спаси од муабет со Мишевски?
А за неговиот портал Гол.мк., Зоран, со шармантна насмевка шо кажва сè, вака вели: „Цели за три години? Ама си завршивме сè за една,“Е то ти е уредник.
Готино кај Мими во југото, си призна и уште една работа – има латински темперамент и ко ќе коментира – не е мек туку е страстен, со енергија шо го влечи гледачо во самиот натпревар. „Од мал ме влечеше ова – сакав да ги гледам другарите ко ќе играа фудбал и да коментирам. И ете, оттогаш до денес – то ми стана животот!“ „Нема ништо појако од адреналин на стадион,“ вели Зоран. „Секој натпревар е нова приказна – никогаш не знајш шо носи.“ Исто или слично – како „Југото на Мими“.