Brass Brothers во Југото на Мими – Да „чадат“ трубите

Brass Brothers во Југото на Мими – Да „чадат“ трубите

Brass Brothers во Југото на Мими – ладно време, топли фори и замрзнати труби! Шо друго да се речи освен ова – Brass Brothers се икони!

Ако има некој шо знај како да ја крени публиката од стол, то се тие, да си признајме. Ама оваа нивна авантура и присуството на Brass Brothers во Југото на Мими… Е па, то не е само видео, туку културен феномен. Фраерчињата влегват во југото на ладно време и ај шо беше тесно ами и камен да ти биле инструментите!

Ладно надвор, а уште поладно внатре – ама шо да прајш, музиката не чека! Саксофонот ко да дошол од Антартик, инструментите ладни ко мраз, а трубата брате мили, звучеше ко да е спремна за „лелекање“. Ама то не ги спречи! Почнаја да пуштат жештина во југото и после, климата сама се размрда. Дури и трубите пареа пуштија.

Муабето си течеше, ама нај – Ка Вадарци да ти било! Мими си ги отвори ушите, решен да дознај како овие дечки ја креват публиката од стол и да напрат wow журка. И ајде, тука дојде и култната фора на Коста: „Свириме на еден наспап и кога саксофонот паѓа! Сите мислат дека е дел од шоуто, ама не, се залепил за подот и не мрда. Шо сега?!“ Ќе се врати ко бумеранг. Ама то е стилот на Brass Brothers –со невидена харизма и непредвидливи ситуации ја прат атмосферата жешка до степен на вриење. Зошто кога Brass Brothers свират, нема стол шо не се крши и нема душа шо не се крева дури и ако инструментите се замрзнати.