Преслатки видеа кои ќе ви го разубават денот! – Stay positive

Ако би можеле да го видиме целиот свет низ очите на дете, ќе видиме магија во сѐ! Под мотото „Stay positive“ или „Останете позитивни“, овие слатки дечиња си зацртаа цел. И навистина успеаваат во тоа. Имено, станува збор за креативни видеа кои нудат различни пораки. Некои апелираат кон родителите, некои за дечињата. А некои содржини, едноставно се доказ дека овие клинци сериозно си ја сфатиле работата.

Како медиум, секако не сме ние, ако не би смешале прсти… Гласно зборуваме и се приклучуваме за оваа нивна иницијатива. Да ширеме позитивна енергија и да го гледаме светот низ нивните очи. „Разбуди се“, стои зад камерата и во договор со големите „актери“ помага во сценариото.

Денес на социјалните мрежи свесни сме дека на нашите деца им се достапни ужасни содржини и приказни од кои тие веројатно не можат да научат ништо. Враќајќи го тоа носталгично чувство, се сетивме да ја зачиниме сегашноста со она наше носталгично чувство… Со она време кога растевме со „Големи и мали“ со „Умни глави“, „Дајте музика“… Проекти за деца кои сеуште е број еден во етерот. Ок, можеби не сме толку професионалци во однос на техничкиот дел, па ние само ставивме камера и ја пуштивме фантазијата. Но, ова е посебен апел до родителите. Обидете се да го гледате светот низ нивните очи и додајте му малку магија, шарм и боја на овој свет! Од видеата може да добиете и инспирација која веруваме дека ќе ви послужи како идеја за тоа што може да правите заедно со вашето дете дома, секако не вклучувајќи го мобилниот телефон. Stay positive!