„Зошто седиштата во кино – салите имаат црвена боја?“
Седиштата во кино-салите имаат црвена боја затоа што црвената боја е првата боја која станува невидлива во отсуство на светлина. Кога би имало и малку светлина, сината боја ќе изгледа посветла од црвената. Обратна е состојбата кога има доволно светлина.
Овој феномен се нарекува Пуркиние ефект и името го добил по чешкиот анатомист Јан Евангелиста Пуркине(1787-1869).
Вклучува промена во перцепцијата на бои меѓу светла и темна осветленост. Во услови на ниско осветлување како на пример во мрак, конусните клетки во ретината на окото кои се одговорни за препознавање на бои во светли услови, не работат толку ефикасно. Клетките пак, кои се одговорни за препознавање на светлина во темни услови , работат подобро.
Пуркиниевиот ефект покажува дека перцепцијата на бои зависи од осветлувањето и работата на различните типови на клетки во ретината.
Кога сето ова го имате како информација, повеќе од јасно е зошто седиштата во кино-салите имаат црвена боја? Одговорот е едноставен: максимално да уживате во филмот.