„Едно лето во Италија“ – Автентична, срцепарателна и исклучителна книга за посебно летно уживање

Едно лето во Италија - книга на плажа

Книга, кафе, море и плажа. Има ли нешто поубаво? Само за оние кои сакаат да го допонат летното уживање со добра книга во деновите на плажа, Book’s House ни предложи фантастично добар роман кој навистина ќе ве релаксира. Станува збор за книгата насловена како „Едно лето во Италија“ од авторката Ребека Серл. Еве што стои за описот на оваа приказна и нешто околу творештвото на извонредната Серл:

Едно лето во Италија

„Кога ќе почине мајка ù на Кети, таа се чувствува изгубено. Керол не ù била само мајка туку и најдобра пријателка. Таа ги имала сите одговори и сега, кога ù е најпотребна на Кети, неа ја нема. Да бидат работите уште полоши, тие го планирале нивното животно патување мајка-ќерка: две недели во Позитано, магичниот град во кој Керол го поминала летото пред да го запознае татко ù на Кети. Таа со години го чекала ова патување со мајка ù, па сега е соочена со можноста да се впушти во авантурата сама.

Само што ќе стапне на брегот на Амалфи, Кети почнува да го чувствува присуството на својата мајка. Маѓепсана од прекрасните води, преубавите карпи, љубезните домаќини и, секако, превкусната храна, Кети како да се враќа во живот.

И тогаш се појавува Керол – жива, здрава, исончана и триесетгодишна. Кети не разбира што и како се случува – сè на што може да се сосредоточи е дека некако, невозможно, ја има мајка си назад. Во текот на едно лето во Италија, Кети ја запознава Керол, не како нејзина мајка, туку како млада жена пред да ја роди неа. Таа не е истата каква што ја замислувала Кети, но Кети мора да ги поврзе мајката која знаела сè со младата жена која сè уште нема поим.

Следната голема љубовна приказна на Ребека Серл е тука, а овој пат е меѓу мајка и ќерка. Со својата препознатлива срцепарателна, искупителна и автентична проза, таа создаде трансцендентен роман за тоа како по загубата продолжуваме понатаму и како луѓето кои ги сакаме никогаш вистински не нè напуштаат.“