Јавниот превоз во Македонија меѓу најлошите во Европа – според ново истражување

Јавниот превоз во Македонија меѓу најлошите во Европа – според истражувањето на Euronews. Јавниот превоз во Македонија е на дното на листата по задоволство. Додека седум од десет Европејци се задоволни од превозот во нивните градови, само 47 проценти од граѓаните на Македонија се изјасниле дека се задоволни од услугите на своите урбани средини.

јавниот превоз во македонија меѓу најлошите во европа

Само 47 проценти од граѓаните на Македонија изразуваат задоволство. Ова ја позиционира нашата земја меѓу најслабо рангираните во Европа , заедно со Албанија и Италија, според истражувањето на Euronews. Главниот град на Македонија нуди само автобуски превоз кој очигледно не ги задоволува потребите и  очекувањата на граѓаните.

Истражувањето открива дека Австријците се најзадоволни, со неверојатни 91 %  задоволство, додека нордиските земји како Финска, Норвешка и Шведска, исто така доминираат со високи проценти. Рејкјавик, главниот град на Исланд е исклучок во овој регион со релативно пониски 56% задоволство.

Кога ќе се земат во предвид фактори како достапност, безбедност и зачестеност, станува јасно дека Северна и Западна Европа имаат значително подобри системи. Системи на јавен превоз во споредба со градовите од Јужна и Источна Европа. Пораката е повеќе од јасна. Време е да се запрашаме дали јавниот превоз е само средство за транспорт или… Е показател на нашиот квалитет на живот? Размислете пред следното чекање на автобус!