И дури ние се думаме кои пиперки да ги зејме за ајвар да напрајме и дали се стига и за пиперки, работата во светО, поинаку оди. Иначе помина модната недела во Париз, а фала Богу жените беа во паника. Шо ќе носат, како ќе носат, како да позират… дали ќе му биди комотно, па дали ќе ги стегат челите. Хм… А замислете на мажите како му е таму? Па не е лесно да имаш и толку чакати во џебот. Ко пример Роналдо… Кузнеј на шо секирации е со жена му оти се думала шо да облечи.
На модната недела се појави и Георгина Родригез на Роналдо. Георгинчето или (шо би рекле ние Роналдојца), според коментарите по социјалните мрежи „потфрли“ со модниот аутфит. За приликата, светски познатата, (па можи и најсреќната жена во светот), си купила мини фустан, кој баги открива. не само нозете, ами и деколтето… Плус тО на прерамки. Ах мори Георгинче, да беше тука на Балканот, одма кариерата ти пропаѓаше. Нашите баби, строго би искоментирале оти е срамота вака бламажа да се прај, а овие па дамите од кај нас из Париза, би рекле оти голотијата појќе не е во мода. Али као и да е, то е Георгина Родригез и шо сака си прај чупето, па нашето мислење, многу многу не ја занима.