Фенг Шуи – Домот е огледало на енергијата што ја носиме

фенг шуи

Фенг Шуи вели дека домот е  огледало на енергијата што ја носиме. Фенг Шуи е уметност на уредување на просторот и длабока филозофија.

Фенг Шуи е древна кинеска вештина. Се фокусира на привлекување позитивна енергија и создавање хармонија. Нашите секојдневни навики можат значително да влијаат врз оваа енергија. Ако сте забележале дека понекогаш ништо не оди како што треба, можеби е време да ги преиспитате овие навики според Фенг Шуи принципите.

Во Фенг Шуи, водата е симбол на богатство. Бањата, со постојаниот проток на вода, претставува важен енергетски центар во домот. Кога ја оставате вратата од бањата отворена, на подсвесно ниво дозволувате енергијата и богатството да „избегаат“ од вашиот дом. Ова наизглед неважна навика  може да биде причина зошто парите „ви се лизгаат“ низ прсти. Решението е едноставно – држете ја вратата од бањата секогаш затворена, за да ја зачувате добрата енергија внатре.

фенг шуи

Иако кактусите се популарни заради нивната едноставна нега, Фенг Шуи, ова растение го гледа како носител на негативна енергија. Шилестите украси и растенијата со остри краеви се сметаат за извори на дисхармонија. Ако сакате да го зачувате мирот и хармонијата во домот, избегнувајте ги овие растенија и заменете ги со оние кои имаат меки и заоблени листови кои симболизираат нежност и проток на позитивна енергија.

Ако ги чувате лрковите во кујната и мислите дека е практично и достапно, Фенг Шуи, не вели така. Укажува дека оваа локација е енергетски неповолна за лековите. Тие не треба да се чуваат во просторот каде што се подготвува храната. Фенг Шуи нагласува дека тоа може да донесе нарушување на здравјето. Преместувањето на лековите во друга соба ќе ви помогне да ја зачувате позитивната енергија во кујната која е центар на семејната благосостојба.

Според фенг шуи, нередот е еден од најголемите блокатори на позитивната енергија. Се смета дека хаосот во домот, особено во ходниците и околу излезната врата, ја блокира енергијата „чи“ да тече слободно. „Чи“ енергија се однесува на основната животна сила што протекува низ „се и се“. Затоа е важно редовно да се организира просторот и да се ослободите од предмети кои не ви се потребни. Ако мислите дека ќе ви затребаат, бидете сигурни, се лажете. Само уреден и чист дом ќе дозволи проток на животна енергија. Ќе ви даде чувство на мир.

И ова не е добра опција затоа што може да ја одбие позитивната енергија „чи“ веднаш кога таа ќе влезе во домот. Огледалата треба да бидат поставени настрана, така што ќе ја рефлектираат светлината и ќе ја шират енергијата низ просторот, наместо да ја „избркаат“.

Во фенг шуи, позицијата на креветот е од особена важност. Ако спиете со главата под прозорец, може да ја изгубите личната енергија додека спиете затоа што нема доволно заштита од надворешни влијанија. За да го избегнете ова, обидете се да го поставите креветот така што главата да биде насочена кон ѕид за сигурност и стабилност.

Оваа кинеска вештина препорачува да се избегнува празен простор над кујнските шкафови. Ваквиот празен простор може да стане „застој“ на енергијата. Собира тежина и може да го намали протокот на позитивна енергија. Решението е да го пополните со украси или растенија кои ќе создадат чувство на исполнетост и ќе го зголемат протокот на енергијата.

Можеби некои од овие совети изгледаат неважни, но Фенг Шуи ја нагласува важноста на секој детал во вашиот дом. Хармонијата помеѓу предметите, природата  и енергијата создава баланс кој влијае на сите аспекти од вашиот живот. – од финансиската состојба до мирот и среќата. Испробајте ги овие едноставни промени и сами видете како ќе влијаат на вашата благосостојба.

пишува: Ромина Марковска

извор