Текстот е за огнената стихија што го зафати Mариово во кое спаѓа и атарот на село Паралово. За искуството зборува Никола Угревски. Нашиот веб сајт се оградува од мислењата, а текстов го пренесуваме во целост:
„Текстот е за огнената стихија што го зафати Mариово во кое спаѓа и атарот на село Паралово. Во таа акција за гасење на пожарот, се вклучија повеќе организаци… Групи и мештани од селата во кои оганот беше изгаснат и прекинат да го зафати атарот на село Паралово, манастирот и споменикот на Ѓорѓи Сугарев. Поради неорганизацијата на ТППЕ Битола, пожарот повторно се активира и направи пепел од цел атар на селото Паралово од кои беа зафатени повеќе куќи. Благодарение на сите оние ангажирани организации, поединци што се ангажираа и тој пожар го стопиравме ние. Меѓу нив имаше луѓе, организации што спречуваа и ја отежнуваа работата за да се изгасне пожарот.
Јас бев на лице место повеќе дена и затоа ова го тврдам. Не сум задоволен од организацијата на ТППЕ Битола.
Се јавив на сите можни места. После сето тоа молење по 24сати се активира пожарот повторно бидејки ТППЕ Битола вршеа дежурство, но не беа активни. Револтирани сме што на така приступачен рамен терен пожарникарите не превзедоја ништо, што да правиме муабет за Галичица итн. Кога видовме дека бројот 193 е недостапен и дека имале наредба да не идат во селото, тоа го тврдам јас, активиравме наши сили. Најповеќе благодарност до: Рек Битола, Општина Новаци, Водовод (остави дежурно возило во манастирот 72 часа). Преголемо благодарение до доброволното друштво ДПД Архангел на чело со Ченто, кој го изгаснаа огнот… Но, поради неангажираноста на ТППЕ Битола се вратија повторно и не се штедееа одеа до крај.
Посебна благодарност до лавот Пеце Јанкуловски кои се пожртвува да го спаси и селото и манастирот со помош на машина од Рек Битола која ја заврши работата машки како што треба.
Исто така големо благодарение до мештаните кои се уклучија во тој пожар:
Роберт Христовски, Кире и други жители од село Орехово.
Жителите од село Паралово фамилии: Угревски, Митровски, Гелевски, Миленковски… Благодарение до Васко Митровски, благодарение и до сите кои учествуваа повикани од овие луѓе. Но, за жал кај рампата на езерото Рек Битола, стоеше полиција. Таа не дозволуваше да поминат доброволци да гасат од кои посебно не погоди што не го пуштија доброволецот Никола Ацевски (Коко од Логоварди) кој претходно 3 дена гасеше, дојде повторно со возило од Еко Клуб.
Благодарение и до нив носеше 2 тони вода која ни беше многу потребна во тие претешки моменти поради тоа што водоводот во Паралово беше прекинат поради огнот. Единствени во селото за да го спасат (на кои не им беше дозволено да влезат, но успеаа по споредни патишта) се: Дени Гелевски кој влезе низ огнот со неговиот теренец заедно во придружба со Зоран Митровски, Васко Митровски со кои и Андреј Угревски, Трајко Угревски, Димитар Кожобашиовски и Слободан Василевски влегоа низ огнот со мотори и спасија поголем дел од селото. Тие немаа никаква друга помош. Ова го објавувам без никого да навредам или да мешам партии… Но, за жал немавме никаква помош и сме многу повредени.
Жалиме што со овие партиски препукувања дојдовме до овај степен на пустошење на државата, Жално но вистинито….“
Напомена: Веп сајтот „Разбуди се“ се оградува од сите лични мислења и ставовите од писмото na Никола Угревски доставено до нашата редакција.