,,Slow wine” 2024: „Виното е напивка за цела година!“ Во Битола уште една урбана боемска приказна – Пишува: Елена Трпковска Нумовски

Slow wine

,,Slow wine” – автентична приказна што во себе го задржува шармот на оној момент кој ги спојува урбаното, боемска Битола и европската страст. Винскиот салон во Битола продолжува да ја  креира идејата за оваа врвна манифестација. Настан кој го следи динамичното движење… Kодекс кој навистина е сѐ популарен низ светот, а во себе го содржи заедничкиот именител SLOW.

На настанот кој ќе се одржи на 10ти Август во во Пацио на Завод и Музеј – Битола, би уживале во стручни разговори… Во префинет амбиент и секако совршени ароми и посебни приказни кои се кријат во чашата вино. Не очекува лежерна атмосфера, и комплетно уживање, потенцирано и кон вистинските познавачи на виното. Организаторите не запознававаат со овој концепт кој се повеќе станува дел од урбаниот простор на Битола што од секогаш била рамо до рамо со глобалниот светски тренд и во гастрономскиот и хедонситички универзум. Slow wine” 2024!

Познати етикети на макeдонски бутик винарии со посебни сорти, како и автохтони вина и винарии кои заслужно треба да се истакнат на оваа сцена. Ова е настан со посебен концепт кој е одраз на една врвна урбана винска култура во Македонија.

-Во сабота, 10 август, сите патишта водат до нас, бидејќи се случува битолскиот Slow Wine- Вински салон 2024. – вели Игор Поповски, лидер на Slow Food Битола. – Да ги споиме боемштината, шармот и страста… A според реакциите и одзивот, морам да констатирам дека ова е добра вест за сите што го сакаат, почитуваат и живеат момент во симбиоза со виното.

Имено ова е петто издание на Slow Wine, а винскиот салон дише во име на мотото:  „Виното се пие цела година!“

-Бидејќи се работи за петта година од постоење, стануваме традиција… Со задоволство ќе констатирам, дека полека но сигурно винскиот салон во Битола создава трајни конекции помеѓу винарите и консументите.

Но, уште поважно е што ја  продолжуваме мисијата  во континуитет… Да се гради винската култура кај нас,  едуцираме за поднебјето и секако го потенцираме се поголемиот број на вински љубители. – додава Поповски за „Razbudi se.

Имено, назад во 2022 година, мотивот за реализација на оваа веќе култна приказна, беше виното вклопено во модерниот начин на живеење и презентирање. Оваа година, организаторите посочуваат дека виното е напивка за цела година. Несомнено, овој еликсир станува урбан епитет или би рекле аксесоар на модерниот свет.

-Виното го придружува човекот и е дел од неговиот живот откако постои човештвото.  Па и во библијата пишува: „Ако лебот ја симболизира работата,  тогаш виното ја симболизира радоста.” – ќе каже Вања Тодоровска, коавтор на винскиот водич – Виното не е синоним на новото време... Иако социјалните мрежи бележат моменти на наздравувања со просекот! Тоа е новата нормалност можеби Но, луѓето што го сакаат виното, ги знаат сите финеси на нашите вина. А навистина имаме на што да бидеме горди. Патем, сите патувања надвор од границите ни создаваат чувство дека сме на вистинскиот пат. Регионалните сорти на грозје, даваат одлични вина и се наши адути. Инаку, винарите се луѓе со посебен потпис кои констатираат дека животот е премногу краток за да пиете лошо вино. Во тој контекст, е и мотото… Виното,  доброто вино да се пие секој ден.

Што се однесува до самиот концепт на ,,Slow wine”, Razbudi se, се осмели да „ѕирни“ зад завесата, па околу подготовките откриваме дека на Винскиот салон, оваа година ќе се случи и промоција на водичот Slow Wine 2024, што е и вовед во целата приказна. Имено, оваа публикација се фокусира токму на македонските винари кои неуморно работат во лозјата и во винските подруми… Ама и на почвата, што според енолозите е скалило повеќе од она првото издание од 2021 година.

Концептот,, slow” е антипод на,, fast”. Во контекстот, алудираме на вистинско уживање во оваа напивка. Апро по, со оглед на рапидниот свет, трките за профит и т.н. забораваме на вистинската важност. Важност, што веројатно се крие во малите нешта.

… Мораме да откриеме и што се крие зад нашата завеса. Затоа што во разговор со организаторите, некако спонтано си го сфатив моментот дека нашата идеја е слична. Како сајт, нашето мото е да ја будиме убавината на овој свет. Да уживаме во чаша вино која секогаш ќе ја гледаме полна, да наздравиме во име на хуманоста, љубовта, емпатијата… Да помогнеме на оние места каде тоа им е потребно… Затоа што, би повторила… Ова е изворот на сите уметности и Европа треба да се гордее со сето она што го имаме. И додека наздравувавме пред настанот со чаша вино (за загревање), заклучивме дека ова е извонредна иницијатива за да се помогне на малите винарии во Македонија да ја задржат локалната култура и идентитетот.

Помагаме така што им ја даваме визијата дека производството ослободено од наметнати пазарни механизми дава вистински квалитет. Дека работата во согласност со природните закони е бесценета… Потоа,  можност преку фокусирање на локални системи да ја видат глобалната слика. – рече Кирку Сотировски, заменик лидер na Slow food Bitola. „Битола е сигурна станица за добра храна и добар пијалок. А  новата слоу гастрономија е здрава, што покрај задоволство, е клучен елемент во гастрономската револуција што резултира во храна за промени. За наша среќа  Битола сеуште не е забревтана од новата реалност. Сеуште има квалитетни места каде се почитува добра храна Каде се препознава традицијата и каде искуството и знаењето се на “ти” и се вистинска формула за нашиот идентитет.

-Пораката е да не се оттуѓуваме… Бидејќи скоро опиплива радост се создава на местата каде се собираме со пријателите,  драгите луѓе… Кога ќе каснеме нешто,  кога ќе наздравиме. – истакна и Ивана Симјановска, автор на второто издание на Винскиот водич, а лидерот на SLOW FOOD МАКЕДОНИЈА – Николче Николовски ќе поентира:

Страста на Слоу Фуд е долгогодишна посветеност вградена во можноста за достапноста на храна. А она што го јадеме и пиеме е базичен момент во нашите животи поврзан со сегашноста и иднината на нашите деца.

Евидентно е дека виното, го продолжува животот: кога се знае брендот и кога се ужива во секоја голтка. – ќе финишираат организаторите за оваа урбана приказна што преминува во култна традиција со посебен стремеж кон пофалбите на битолчани за умешноста да се препознае локалниот биодиверзитет, традицијата, гастрономската сцена, виното и културата…