Што никогаш не треба да објавувате за вашите деца на социјалните мрежи?

deca деца фотографии злоупотреба

Што никогаш не треба да објавувате за вашите деца на социјалните мрежи?

За вашите деца да бидат безбедни, овие нешта не ги споделувајте:

деца

Објавувањето на фотографии кои откриваат локации како улични знаци, куќни броеви или адреси, може да изгледаат безопасно Но, може да го направи вашето дете потенцијална жртва на кражба на идентитетот или киднапирање. Исто така, не објавувајте фотографии од омилените паркови на вашето дете. Од причина што може да се открие многу за вашите дневни активности.

Информациите како датумот и местото на раѓање на вашето дете, целосно име, па дури и роденденските фотографии со целосен датум не треба да бидат објавувани. Овие податоци можат да бидат искористени за откривање на приватни сметки и кражба на идентитетот. Исто така, никогаш не објавувајте фотографии од документи или лични податоци  на вашето дете.

Фотографии од пливање на море или на одмор, иако се вредни спомени, не треба да ги споделувате на социјалните мрежи. Овие фотографии можат да злоупотребени и да предизвикаат нематеријална штете.

Објавувањето фотографии од вашето болно дете може да привлече коментари и лајкови, но размислете како тоа може да влијае на вашето дете. Она што го сметате за негуван момент треба да го чувате за себе затоа што може да ги засрами вашите деца  во иднина. Истото важи и за фотографии од децата во непријатни ситуации како мокрење во кревет или добивање лоши оценки.

Првите генерации на деца чии родители објавувале фотографии од нив на социјалните мрежи сега влегуваат во зрелоста. Додека родителите имаат право да споделуваат , важно е да се почитува автономијата на детето  и да им се дозволи да создадат свој дигитален пат. Избегнувајте објавување на моменти кои можат да бидат засрамувачки или да ја откриваат нивната слабост.

Социјалните мрежи не се место за засрамување на децата. Објавувањето фотографии кои ја нагласуваат нивната слабост или тешкотиите  при растењето може да ги отвори вратите за задевање и малтретирање. Исто така, објавувањето на лоши оценки не е паметно. Наместо тоа, побарајте помош на друг начин бидејќи социјалните мрежи не се вистинското место за тоа.

Со почитување на овие препораки ќе помогнете да го заштитите вашето дете од потенцијални опасности и да ја зачувате нивната приватност и достоинство. Како што вели професорката Стејси Стајнберг од Правниот колеџ Левин на Универзитетот во Флорида: „Сметајќи ги вашите деца како автономни луѓе кои имаат право да бидат заштитени не само од физичка туку и од нематеријална штета.“