Домашен сок од коприва е совршен пијалок. Изобилува со минерали, витамини и има диуретични својства. Го регулира крвниот притисок и шеќерот и помага при орални инфекции, егземи, акни и опаѓање на косата.
И ова не е сè. Она што ја прави копривата совршена, е присуството на железо, одлична против анемија. Да не ги заборавиме и калциумот, магнезиумот, фосфорот и силициумот како и витамините А, Б2, Б5, К и витамин Ц. Овој домашен сок од коприва, како и самата коприва има и антивирусно и антифламаторно својство.
Како да го направите?
Измијте ја копривата (40 млади врвови од коприва) во ладна вода и сомелете ја во блендер. Веднаш потоа, измијте еден килограм лимони со кора, исечете ги на четвртинки и изблендирајте ги. Измешајте ги лимоните заедно со копривата, покријте ги со вода, додадете исцеден сок од пет лимони и поклопете ги. Оставете ги да отстојат 24 часа и дури потоа процедете ги и додајте 4 килограми шеќер.
Мешајте додека не се раствори шеќерот. И тоа не е сè.
Чувајте го сокот од коприва во стаклено шише седум дена во фрижидер. Можете и да го замрзнете во пластични тегли.
После седум дена, уживајте во овој напиток. Велат, најсладок и најхранлив е кога со свои раце ќе си го приготвите. Радувајте се на бенефитите. Совршено!