Сите љубовни приказни се соочуваат со проблеми. Дури и оние што изгледаат совршени на почетокот. Ама овие години се најтешките за брак!
Според најновите истражувања, секој четврти брак на Балканот завршува со развод, најчесто по тринаесет години. Разводот се должи на различни фактори како финансиска нестабилност, семејни или роднински притисоци кои влијаат на динамиката на бракот. Можеби поради менталитетот или „авата“ во регионот! Кој би знаел!
Ама чекајте! Состојбата со разводи е посериозна во другите делови од светот. На пример, половина од првите бракови, 60% од вторите и дури 73% од третите бракови се распаѓаат во САД, според wedding.com. Не сме биле само ние и не сме само тука со ваков тип на животен проблем. Ама велат: „Само будалиот се теши со туѓата болка.“
Кои се најтешките години за брак?
Бројни студии од светот ги анализираат критичните години во бракот кога се носи одлуката за развод. Иако нема универзално правило, се наведува дека првата, седмата и осмата година од бракот се клучни. Теоријата за седмата година како најкритична, постои со децении. Истата е популаризирана со филмот „The Seven Year Itch“ од 1955 година со Мерлин Монро и Том Ивел.
Парови кои успеваат да ги преживеат седмата и осмата година, имаат поголема веројатност да го одржат бракот. Најмалку разводи се забележани во периодот од деветтата до петнаесеттата година од бракот. Тоа е т.н. „втор меден месец.“
Зошто развод?
Ако добро го следевте текстот , сигурно забележавте дека во бракот се присутни и роднински притисоци кои ја менуваат динамиката кон тензична и неподнослива. Постои една изрека која вели:„Too many hands spoil the dish.“ или „Премногу раце ја расипуваат чинијата.“ Присутна е и она другото што ќе рече: „No money no love“ или „Нема пари нема љувов“, е тогаш има прељуба.
Завршна мисла:
Запомнете, секој брак има свои препреки, но вистинската љубов е во состојба да ги надмине дури и најтешките години. И секоја тешкотија нека биде можност за растење и уште поголема блискост.