Жителите на овој грчки остров живеат долго и здраво: Како е можно?

живеат долго

Жителите на Икарија живеат долго и здраво.

На овој грчки остров, третина од населението е над 90 години. Како успеваат да живеат толку долго? Тие ги следат деветте правила кои ги водат кон здрав и долг живот.

Да. Жителите на Икарија живеат долго и здраво. – Тајните на долговечноста од Икарија

Икарија е еден од петте изолирани острови прогласени за „сини зони“ – места каде што луѓето живеат значително подолго отколку во остатокот од светот. Покрај Икарија, Сините зони ги вклучуваат Сардинија во Италија, Никоја во Костарика, Окинава во Јапонија и Лома Линда во Калифорнија. Овие заедници ја делат моќта на деветте принципи кои придонесуваат за нивната долговечност.

Најдолговечните луѓе живеат во средини кои поттикнуваат да се движат природно и постојано. Одгледувањето на бавчи, одгледувањето домашни животни, живеењето во стрмни предели и секојдневното пешачење се дел од нивниот начин на живот.

Луѓето во Икарија знаат зошто се будат наутро

И луѓето во Икарије како и оние во другите „сини зони“, точно знаат зошто се будат наутро. Имаат силно чувство за цел и знаат дека имаат важна улога во заедницата.

живеат долго

Олеснување на стресот

Иако доживуваат стрес, жителите на сините зони имаат свои начини за опеснување. Некои се сеќаваат на своите предци, некои се молат, други имаат попладневна дремка, а некои уживаат во „среќен час“.

Правило од 80 проценти

Сите луѓе престануваат да јадат кога стомаците им се 80% полни, избегнувајќи прејадување. Последниот оброк го јадат рано навечер и тој е најскромен. Калорискиот внес, ретко надминува 1900 калории дневно. Верските пости исто така играат улога во намалувањето на хроничните болести.

Растителна исхрана

Месото го јадат најмногу пет пати месечно. Главната исхрана е базирана на растителни намирници, интегрални житарки и пченка кои се богати со влкна, антиоксиданси и витамини.

Чаша црвено вино

фестивалот Бароло

Една чаша црвено вино дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања и го намалува стресот. Луѓето во сините зони уживаат во виното за време на ручек во добро друштво. Најверојатно затоа што знаат што значи само една чаша, ни повеќе ни помалку. Ете затоа уживаат.

Чувство на верска припадност

Верата игра голема улога во животот на жителите на „сините зони“. Религиозната припадност им обезбедува социјална поддршка и им помага да се справат со депресијата и озаменоста.

Семејството на прво место

Семејствата се исклучително блиски, често неколку генерации живеат заедно. Семејните обврски се во центарот на нивниот живот. Им обезбедуваат чувство на сигурност.

Пријателства засновани на исти вредности

Овие луѓе се опкружени со пријатели кои ги делат истите вредности. Нивните денови се исполнети со дружења и заеднички активности.

Ете тоа е тајната на животот во „сините зони“. И жителите на Икарија живеат здраво, исполнето и долго. Нивниот начин на живот е инспирација за сите нас. Ни покажува дека долгиот и среќен живот е возможен со вистински навики и вредности.

извор